(Фото) Пешаците и возачите се збунети, пешачките премини во Кавадарци се во катастрофална состојба
Недостатотот од паркинг простор во Кавадарци е горлив проблем со години наназад. За да биде голготата поголема веќе подолго време и сообраќајните знаци, пешачките премини (зебри) се необележани, избледена е белата препознатлива боја. Пешаците се видно збунети особено кога треба да ја подадат ногата на еден од пешачките премини.
Хаосот да биде поголем допринесува и збунетоста кај возачите кои не почитуваат предимство баш поради слабата патна сигнализација. Овој проблем не остана неприметен и од страна на неколкуте туристи кои го посетија Кавадарци периодов а си заминаа со лоши впечатоци.
Реализацијата на овој ситен финансиски проект треба веднаш да стапи во сила. Не треба многу – само добра волја и неколку литри бела боја.
Фото by Jovanovich
Created with flickr slideshow.