Озил: Флорентино Перез не е чесен човек

Фановите на Реал Мадрид беа разочарани од ваквиот потег, а трансферот предизвика незадоволство и кај некои фудбалери, помеѓу кој и главната ѕвезда Кристијано Роналдо.
Пред неколку дена шпанскиот весник ABC, повикувајќи се на извор близок до претседателот на ’Кралевите’, Флорентино Перез објави дека првиот човек на Реал Мадрид верувал дека Месут Озил не бил добар професионалец и бил опседнат со жени и ноќниот живот.

Мустафа Озил, таткото на Месут е разочаран од ваквите написи, верува дека ова е обид да се оцрни образот на неговиот син па се закани со тужба.
„Само поради тоа што некој заработува многу пари не значи дека е чесен човек, и Флорентино Перез не е чесен човек” – рече Мустафа Озил за Bild.
„Го направија Месут жртвено јагне. А јас сум алчниот татко кој само чекаше да се случи мега зделка”.
„Сето ова е местенка. Ќе се браниме на суд”.
„Доколку Месут живеел непрофесионално во Мадрид, тогаш зошто секогаш беше во стартниот состав?”
„Сега сакаат да го оцрнат мојот син бидејќи фанвоите и соиграчите се бесни поради неговата продажба”.

Извор 24fudbal.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.