Пензионер се обиде да се самоубие – му ја блокирале пензијата!!!

Настески со солзи во очите ја раскажуваше својата приказна и мотивите да се реши на овој несекојдневен потег:

– Овие скапаниве од УЈП од кај знам зошто ми ја блокирале пензијата. Никаде борч немам. Данок за тутун од некогаш, од пред неколку години, блокирана ми е на 5.000 денари. Пензионер сум од Галичани.

 

Жител на Галичани легна насред улица во центарот на Прилеп – Петар Димоски by Kanal77 on Mixcloud

 

Усташка ова држава е. Ова е проклетија. Не грциве ќе си играле, не албанциве, сите!!! Седум души сум море чоек дома. Гревојте не ни се гледаат. Јас ова досега не сум го доживеал. Ти ја блокираа пензијата – Да ми ја блокираа, море чоек. Не знаете каква тортура врши на сиромаштијата. А за гласање-ајдеее. Пет души одевме од дома.
Настески кој бил вработен во Жито Прилеп се пожали на условите во кои егзистира неговото семејство и побара помош, затоа што како што се жалеше со солзи во очите 7-членото негово семејство егзистирало само од неговата пензија од 10-тина илјади денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.