Пена која спречува внатрешно крварење

Агенцијата се надева дека кога ќе се развие до крај, пената ќе им помогне на повредените да преживеат уште неколку критични минути, со што ќе го преживеат транспортот до соодветните хируршки установи.
Голем дел од повредените загинуваат во текот на транспортот, а доколку им е дадена соодветна помош на време, тие би преживеале.
“Златниот час” се првите 60 минути на бојното поле кога првичното лекување е дадено и е најважниот период, кој може да биде разликата меѓу живот или смрт.
Пената ќе се инјектира во абдоменот од страна на теренскиот лекар во форма на две течности: полиолска фаза и изоцијанатската фаза. Кога двете течности ќе се спојат, тие прават бурна реакција во која тие се зголемуваат 30 пати од оригиналниот волумен.
Во зголемувањето, пената ги пополнува празнините во абдоменот и се стврднува фо ромата на органите, со што го намалува крварењето. Отстранувањето на пената е исто така многу лесна процедура. Истражувањата покажале дека пената не се закачува или лепи за ткивата и хирурзите успешно го отстранија во еден дел за помалку од една минута.
Сеуште не се направени човечки тестирања, но тестовите со свински повреди биле успешни. Пената ги зголемила шансите за преживување од повреди на црниот дроб во рок од три часа, од 8 на 72 проценти, а истовремено го намалила губитокот на крв за 6 пати.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.