(ВИДЕО) Пеливанова-Вилхелм го “нокаутира” Ристо Сакалиев, призна и дека се местеле тендери!

Пеливанова-Вилхелм со аперкат и десно кроше директ во брадата на Сакалиев

Пеливанова-Вилхелм и општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција се оградија од лицето Ристо Сакалиев дека имал било какви допирни точки со оваа партија на претстојните локални избори.

Носителката на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, Горица Пеливанова-Вилхелм изјави дека изминатиот советнички мандат лицето Ристо Сакалиев како независен советник ја уценувал оваа партија. Тој ги добивал сите тендери како возврат за да го придобијат неговиот глас во советот на општина Кавадарци.

Оваа контрадикторна изјава на Пеливанова-Вилхелм само ги потврдува тенденциозните местенки на крупните јавни набавки кои се вршени од буџетот на општина Кавадарци за изминатите години од страна на ВМРО-ДПНЕ.