Горица Пеливанова од ДПМНЕ “тежи” 536.000 евра???

Граѓаните од општина Кавадарци осиромашуваат додека функционерите од ДПМНЕ се богатат

zoran-gjorgjiev„Граѓаните осиромашуваат, а функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат“ изјави на прес конференција претседателот на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев. Тој ја повика државната комисија за спречување на корупција да реагира и да ја провери имотната состојба на Пеливанова.

[su_quote cite=”Зоран Ѓорѓиев”]Додека лозарите се соочуваат со убедливо најтешката и најкатастрофалната година со откупот на грозје, претседателката на советот на општина Кавадарци, Горица Пеливанова, во својот анкетен лист пријавила три стана во Скопје и два стана во Кавадарци во вредност од 536.000 евра.[/su_quote]

Становите во Скопје се омилен начин на трупење на богатството на поединци од ВМРО-ДПМНЕ.

[su_quote cite=”Зоран Ѓорѓиев”]Според моменталната евиденција на катастар, Пеливанова поседува два стана во Скопје и два во Кавадрци. Прашањето е зошто Горица Пеливанова не ја пријавила промената на имотната состојба при продажбата на станот во Скопје чија вредност се проценува на околу 250.000 евра? Каде се завршени тие пари?[/su_quote]

Државната комисија за спречување корупција има законска обврска да ја провери имотната состојба на Пеливанова и да ако е потребно да превземе соодветни законски мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.