ММФ: Патишта и железница пред барок

Исто така, ММФ сугерира да се инвестира во подобрување на вештините на работната сила (едукација и трензинзи) за да може да се максимизираат поволностите од странските директни инвестиции (СДИ). Во однос на СДИ, ММФ ја поддржува Владата во напорите да ги привлече, но исто така напоменува дека треба да се согледа колку тие се интегрираат во домашната економија.

Фондот нотира дека забележително расте задолженоста, а за да може навреме да се враќаат долговите, повторно се инсистира на капитални инвестиции со поголемо влијание врз растот.

– Растот на трошоците за камати како последица на зголемениот долг, како и предвидениот тренд за движење на каматите бараат поголем простор за развојните проекти – стои во извештајот.

Оттука ММФ препорачува креирање повеќегодишни буџети што би обезбедиле поширока рамка за планирање на политиките, со што би се обезбедиле и т.н. “фискални амортизери”, односно простор во буџетот каде може да се крати, а да не се создаваат проблеми како таложење долгови кон приватниот сектор.

Со новата Фискална стратегија, ММФ очекува и обновување на транспарентноста, со што јасно се посочува дека фискалната транспарентност е на незадоволително ниво. Монетарците потенцираат дека последната Фискална стратегија е објавена во декември 2010 г. Исто така, во делот на транспарентноста, во извештајот се инсистира на поголем опсег на информации за буџетот, не само за трошоците на централната влада, туку и на јавните претпријатијата кои се здолжуваат со државни гаранции, како што е новото Јавно претпријатие за државни патишта. Бордот на директори на ММФ усвојувајќи го овој извештај, препорачува цврста контрола врз овие претпријатија во однос на нивното задолжување, со оглед на тоа што државата гарантира за тие заеми.

Извор Јавност

Leave a Reply

Your email address will not be published.