Патарините поскапеа, уште еден удар по џебот на граѓанинот

Откако ги поскапеа нафтените деривати, цигарите и електричната енергија, овојпат жесток удар по џебот на граѓанинот преку поскапување на патарината на патиштата низ републикава. Дури и на оние патишта кај кои “кратерите” на патот знаат да бидат честа појава.

Согласно Одлуката на Владата на Р.Македонија, објавена вчера во Службен весник, која стапува на сила на денеска, направени се измени во висината на надоместоците за употреба на пат (патарина).

Со одлука на Владата на Р.Македонија направена е и промена во висината на надоместокот за употреба на јавните патишта за моторните и приклучните возила (патна такса).

Leave a Reply

Your email address will not be published.