Патарините за Младенов биле предадени?

На денешната конференција на Обвинителството и полицијата на новинарско прашање за пронајдените патарини од страна на новинари на весникот по завршениот увид, обвинителката Гордана Гешковска одговори дека патарините не биле никому предадени.

– Не, јас сакам да кажам такви сметки не се предадени ниту во судот ниту во обвинителство ниту во полиција, отсечно рече Гешковска.

НОВА го контактираше Зоран Димитровски кој во моментов е на одмор надвор од земјава. Преку СМС порака му пренесовме што рекла Гешковска и прашавме дали и каде ги предале патарините, како што претходно најавија во нивниот текст за истрагата на Младенов кој го работеше сега притворениот новинар Томислав Кежаровски. Димитровски во СМС порака ни одговори дека патарините биле предадени во полиција.

– Патарините се предадени во полиција, а предавањето го имаме и на камера, одговори Димитровски.

Одговорот на Гешковска за патарините можете да го погледнете од 13:45 минута во видеото. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.