Партија

пишува Звонко Каров

Нема морал, а стана морална вертикала.

На Груевски му требаат 63 пратеници, нам и 50 ни се доволни.

На некои секоја партија им е добра партија.

Милошоски ќе станел нотар, а Ѓорчев сакал да (о)стане извршител.

СЈО ја открил Америка во Скопје 2014.

Ако сите паметни ги ставиме на листа, што ќе остане за општеството.

На Трамп одамна му фаќала раката.

После изборите се знае – никому ништо.

Главен град на Република Македонија е Скопје 2014.

Ако победат на изборите ќе ги сменат сите нивни.

На избори нема да одиме, ќе трчаме.

Шведската академија побарала од Боб Дилан да се јави и да не се прави важен.

Стварно нема смисла, зборувајте на литературен јазик , јеби га!

Во нашата партија нема прос човек.

Leave a Reply

Your email address will not be published.