“Парни Ваљак на Тиквешки Гроздобер”, успешна иницијатива на група на кавадарчани

Во првичните пресметки, ако се земе во предвид скромниот фонд на финансиски средства кој е одделен за оваа манифестација, да гостува еден ваков бенд беше “mission imposible”.

Но по којзнае кој пат се докажа дека гласот на граѓанинот е посилен од се. Имено, група на граѓани (поголем дел од Кавадарци) пред неполн месец отворија фејсбук група со наслов “Парни Ваљак да свират на Тиквешки гроздобер 2014“. Во групата која брои околу 1000 членови, беа споделувани видео записи од оваа музичка група, се одвиваа дебати, коментари, споделуваа спомени од минатото…

“Ова е само наша желба, ако ни ја исполни организаторот, ќе ја исполни и на многумина кои не се од Кавадарци, а ќе дојдат заради “Парни Ваљак” во нашиот град! Се надеваме, зошто да не… Па да ни дојдат од 5 до 7 септември 2014…” – стои во образложението од администраторите на фб групата.

Групата, и она што се случуваше во неа, најверојатно допрела до некои од сетилата и на локалните власти, совет и градоначалник на општина Кавадарци. Минатата недела предлогот да свире оваа група на “Тиквешкиот Гроздобер” и официјално влезе во поширокиот список на изведувачи од кои требаше да се состави конечната листа.

Веќе денеска, од организациониот одбор кој е задолжен за делот на организирањето на оваа манифестација излегоа со официјална изјава дека “Парни Ваљак” ќе гостува на Тиквешкиот Гроздобер. Нека е АИРЛИЈА!

Leave a Reply

Your email address will not be published.