Парламентот – виртуелна или престижна институција ?

Претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељановски,отварајќи ја 10.јубилејна Конференција на претседателите на парламентите на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа се осврна и на улогата на клучната институција во политичкиот систем.
Респект кон оваа институција побара од сите субјекти во политичкиот процес, особено од релевантните политички партии,а подршката ја оцени како неопходна која треба да дојде и од јавноста и од медиумите.
Не е тајна дека забелешки кон оваа институција постојат , се оценува дека клучната улога не ја остварува и дека таа ја изгубила својата автономност која и е загарантирана со највисокиот правен акт на државата-Уставот.

Ако е така, тоа не значи ништо друго, освен непочитување на Уставот. Без кршење на уставот имаме повреда во остварувањето на функциите во поделбата на власта (законодавна, извршна, судска).
Тоа покажува дека некој доброволно , отстапил, дел од надлежностите да ги извршува друг.Така доаѓа.

Зошто е тоа така и дали барањето за респект и подршка ќе заврши со завршувањето на Конференцијата останува да се види,уште повеќе што досега не можеме да забележиме дека нешто се презема на тој план или пак се остава на добрата воља на оние од кого се бара респект.

Претседателот на Собранието на РМ укажа на немоќноста на остварување на функцијата дадена со Устав, призна дека немаме силен и почитуван парламент и дека контролната функција е загрозена.
Тој се пожали, дека во оваа борба за престижна (угледна, авторитетна) институција , победата, ја однеле партиите и дека во тоа свој удел има јавноста и медиумите.
Со тоа тој упатува (ако не е така, треба да каже на што мисли) на менување на однесувањето на политичките партии, а со тоа и враќањето на суверенитетот на граѓаните, кој сега е одземен од нив и го присвоиле други-тие, политичките партии.

Таквото преземење на улогата од друг, тој смета дека го загрозува демократскиот живот во државата, а тоа станува пречка за неопходните реформи.
Тој упати и апел до пратениците (директните избраници од народот) да не забораваат на своите должности.Тоа го кажува (м.з) колку да не бидат , повредени, само тие кои ги предложиле за носители на јавната функција која ја вршат.

Можни ли се промени на овој план за подобрување на состојбите?(автономен,ефикасен,респектиран парламент) или пак тие воопшто не се потребни и треба да се продолжи со постојаното слушање на ,прозивки, дека таа институција не ја остварува својата улога, зошто таа самата тоа го сака и со тоа го повредува Уставот.

Не верувам дека овој апел на претседателот на Собранието на РМ ќе биде сериозно сфатен од оние на кого е упатен,ниту пак верувам дека овие вторите (релевантните политички партии) ќе бидат дополнително потикнати од неговиот апел како одговор да преминат и кон решенија кои пак ќе бараат интервенција и на Уставниот суд.

А Уставниот суд не може да каже нешто спротивно од она што го кажал Уставот. Секој е должен да ги исполнува своите должности и обврски и дека никој нема повеќе власт од таа што му е дадена со Уставот.
Отсуството на било која активност од политичките актери ќе го остави парламентот да биде доживуван како виртуелна,а не престижна институција.Во непрестижна институција нема престижни функционери.Тоа за жал во крајна линија оди на штета на граѓаните и државата.

Помина половина година од ‘крикот’ на претседателот на Собранието на РМ, а уште малку и цела година од 24.12 (датум кој ќе остане забележан во парламентарната практика) а тој сеуште седи на фотељата прв човек на Собранието на РМ.Тој треба да се повлече.Треба да биде разбран и треба да биде испочитувана неговата одлука.Тоа треба да му се дозволи како чин кој барем на некој начин би го ублажил ударот кој во континуитет, а особено сега му се нанесува на претставничкиот дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published.