Папуљас: Со идеологијата на македонизмот, Скопје не оди далеку

Според Каролос Папуљас, Советот за безбедност ги прифатил грчките црвени линии за сложено ерга омнес име.

„Обединетите нации одлучија да не ја примат оваа земја под нејзиното уставно име, и така ја признааа легитимноста на грчкото противење. Во изминатите години, грчката страна направи значајни чекори за да се најде заедничка основа во ракмките на преговарачиот процеса под ОН за името на државата. Според резолуцијата на Советот за безбедност, тоа име нема да биде само за меѓународна или делумна употреба, туку ќе биде име со географска одредницом за сите употреби. Се додека Скопје инсистира на идеолошка конструкција на македонизмот, толку долго ќе се одржи на затворена врата во НАТО ,а интегративниот процес во ЕУ замрзнат.„ – вели грчкиот претседател за српскиот весник „Политика“
Папуљас го споменува и она што шефот на грчката дипломатија го има повторено на неколку пати, дека нашата зема требала да се откаже од својата непопустливост и да направи чекор кон конечно решение.

Грчкиот претседател денеска и утре е во официјална посета на Србија, и ќе се сретне со неговиот српски колега Николиќ, со премиерот, со претседателот на собранието и со српскиот патријарх. Темата на разговорите не се соопштува, но веројатно е дека ќе стане збор за односите Белград – Приштина, за регионот и како што најчесто е практика на средбите на српските со грчките претставници – да се потврди одличната меѓусебна соработка.

Српскиот претседател во ноември минатата година беше во официјална посета на Атина. Тогаш со Папуљас меѓу другото разговарале и за прашањето за името, а Николиќ дури и понуди помош на Грција за решавање на проблемите, при тоа не прецизирајќи дали тоа се однесува на македонско- грчкиот спор. На свечената вечера пак, Папуљас, целиот свој говор го посвети на Македонија, односно упати сериозни обвинувања и критики до нашата влада, велејќи дека сме ја монополизирале Македонија, земјата сме ја нарекувале Македонија, а јазикот и идентитетот македонски. 

Извор Канал5

Leave a Reply

Your email address will not be published.