Панов дели лекции за патриотизам, спомениците во Кавадарци руинирани!

Дали кавадаречките херои го добија она што го заслужуваат и со што го заслужија она што во моментот го имаат?

Општина Кавадарци го прослави 7-ми септември, денот на ослободувањето на општината од фашистичкиот окупатор и од теророт кој беше вршен врз населението. За разлика од минатите години, кога се чествуваа спомен бистите, кога имаше манифестации и приредби во чест на загинатите херои, годинава на 7-ми септември во општина  Кавадарци тоа изостана затоа што врнеше силен дожд.

По повод 7-ми септември, со соопштение за јавноста се огласија од општинската организација на СДСМ од Кавадарци. Претседателот Зоран Ѓорѓиев  со остри критики кон градоначалникот Александар Панов за непочитувањето на народните херои кои ги положија своите животи за слобода и правда:

72 години подоцна, идеалите за кои се бореа нашите херои не постојат. Денес Кавадарци е заробен од градоначалникот  Панов кој 9 години ги уништува духот и сржта на нашиот град. Нашите херои не се бореа за денес некој се богати на маката на осиромашеното Каавадарци. Десет годишното владеење на Никола Груевски и неговите соработници завршува, промените се случуваат, слободата доаѓа!Зоран Ѓорѓиев

На овие критики од страна на кавадаречките социјалдемократи  со реакција се огласи градоначалникот Панов:

Одговорете како тоа ние не ја почитуваме револуцијата, кога изградивме парк на револуцијата, изградивме биста на Никола Минчев, целосно ја реновиравме спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур, ги обновивме обележјата на спомен костурницата која доби ново уредување и осветлување. За овие седум и пол години во мандатот на Александар Панов целосно ги реновиравме основните и средните училишта чии патрони се познати кавадаречки револуционери.Александар Панов

Ситуацијата на терен го покажува сосем спротивното од она што го говори Панов. На само 500 метри воздушна линија се наоѓа градскиот парк “Љупчо Шкартов”. Во него се сместени спомен бисти на едни од најистакнатите тиквешки  херои во народно ослободителното движење на територијата на Кавадарци. Страшо Пинџур, Киро Крстев, Рада Поцева се едни од оние кои ги дадоа своите животи за ослободување на Македонија. Но, дали овие херои го добија она што го заслужуваат и со што го заслужија она што во моментот го имаат?

Од сликите убаво може да се забележи колку многу се руинирани спомен бистите на кавадаречките херои. Руинирани, заборавени оставени на тотална негрижа.

bista-todorov-krstev-gradski_park
Бисти на Блашко Тодоров – Чичето и Киро Крстев, локација градски парк “Љупчо Шкартов”
bista-poceva-stojanov-gradski_park
Бисти на Блажо Стојанов и Рада Поцева, локација градски парк “Љупчо Шкартов”

Куќата на херојот Страшо Пинџур е реконструирана во декември 2014 година. Но, состојбата во која се наоѓа моментално не е за воодушевување.

Во моментот додека ја фотографиравме ужасната состојба во која се наоѓа спомен ќуќата, имавме прилика да поразговараме со дел од локалните жители за тоа кога оваа спомен куќа е отворена за посета на туристи, дали некој ја одржува, кој се грижи за неа, зошто изгледа како напуштена.

spomen-kuca-straso-pingur
Спомен куќа на народниот херој Страшо Пинџур, локација с.Ваташа

 

Никој. Абе не иде никој. Скоро и никогаш да не е отворена. Многу ретко иде Роза чистачката да подзамете малку и понекогаш овие големците од општината идат да се сликат и толку. А кој сакаш да ти дојде, види какво е, на што личе ова. Тука навечер само кучињата идат преспиваат по дворот и толку. Друга жива душа тука не се движе.жител с.Ваташа

Споменикот на 12-те ваташки младинци кој се наоѓа во месноста Моклиште е тотално руиниран. Рељефот од поодамна го нема. Распукан е скоро целиот споменик.

spomenik-vataski-mladinci
Споменик на 12-те ваташки скоевци, локација Моклиште, с.Ваташа

Стока, магариња и крави пасат во непосредна близина на споменикот. Урбана патека до споменикот сеуште нема.

 

Извор СлободнаМК

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.