Паниката од популизмот се шири низ Европа

Станува збор за се поагресивниот популизам кој од неодамна доминира во јавните дебати, политичкиот дискурс, а особено во медиумите. Самиот концепт е, секако, повеќеслоен, и често амбивалентен, но обично подразбира јасни, упростени толкувања, пораки и заговарања во формулата за вложување во тивкото мнозинсттво на кое главно му се укажува на виновниците за одредени проблеми, но не и нивно решение. 

Иако популизмот се спротивставува на концептуализацијата, парафразирајќи го Пол Тагарт од Универзитетот во Сасекс, еве неколку негови клучни обележја: 

– Популизмот се противи на репрезентативната политика (заедно со амбивалентноста према политиката воопшто); во реалноста тоа се сведува на пристапот ‘ние’ (обично народот) против ‘тие’ (образованата космополитска елита).

– Популизмот се гради на идеата на ‘исконска заедница’. Од оваа идеализирана и просторно дефинирана заедница, се изведува концепт на народ како единствена, органска, непротивречна и хомогена категорија. Народната сувереност е темел, но неа ја загрозуваат сопствените но корумпирани елити и сите ‘други’ (етничките малцинства, мигрантите, религиските и сексуалните малцинства, па и секоја различност). За разлика од демократското сфаќање кое општеството го разбира како отворено и разновидно, а интегрирано во својот политички оквир, популизмот се темели на затворениот, колективен идентитет, кој ја редуцира индивидуалноста. Идеата за граѓанинот се сведува на поданик, т.е. безличен член на заедницата. 

– Популизмот е без множеств ото основни културно – општествени вредности, освен наведените обележја, се останато е флуидно, соодветно на моменталната ситуација и временски ограничено.

Лидерот и безличното ‘ние’

– Популизмот е реакција на доживувањето на екстремна криза. Затоа е истовремено и симптом, но и инструмент. Како симптом укажува на темелната фрустрација, неизвесност и страв на мнозинските групи. Неговата инструментализација, меѓутоа, укажува на потенцијалното создавање на нови центри на моќ кои ја монополизираат јавноста со едноставно и искривени пораки; тие секогаш водат кон конфронтација, редуцирање на демократијата, како и премолчено најавување на моделот; на врвот лидерот, никој во средина, а на дното – мнозинската и безлична маса. 

– Популизмот има самоограничувачки обележја. инструментализацијата на масата и нејзината запалива енергија ја гуши дебатата, т.е. ја претвора во плебистицарно ‘да’ на сопственото лидерство, најчесто во ликот на лидерот или во ‘едноумно не’ на внатрешните или надворешните опоненти. Тоа води кон излоација на популистите од страна на појаките актери, или нивно неутрализирање ако популистите остварат хегемонија. 

– Популизмот е камелеон кој се адаптира на своето време и простор и затоа е тешко да се опише. Популистите едноставно регираат на општествениот контекст и превземаат теми кои ги наметнува економијата или животот, давајќи им го своето упростени, поларизирано и запаливо толкување.

И така доаѓаме до ‘популистичката радикална десница’, која се темели на популизмот но и го отелотворува во најјакиот облик. Таа расте и како плима се шири на континентот у внесува страв во Европа. За разлика од претходните генерации (фашизам, нацизам), таа сепак не е анти – семитска и директно анти – демократска. Ја почитува народната сувереност и мнозинското одлучување, но е политички антилиберална, се противи на културниот плурализам и посебните права на малцинствата. Тежи кон ослабување на механизмите на рамнотежа и взаемната контрола и се залага за непосредно мнозинско одлучување, прикажано преку референдум. Концептуално, нејзината клучна агенда е национализмот, ксенофобијата, ‘закон е поредок’, како и шофинизмот во врска со програмите на социјална политика. Тоа се теми кои популистичкиот филтер (‘ние’ против ‘тие’, загрозеноста на ‘исконската заедница’) ги преточува во лесно поимливи, но запаливи стереотипи и формули.

Во текот на 2011 година партиите на радикалната десница формално партиципирале во владите во 12 од 27 ЕУ земји. На изборите добиваат во просек по 10% гласови, што е два пати повеќе отколку што добиваат европските зелени. Нејзиното јакнење треба да се набљудува во контекст на ерозија на политичките центри во Европа кои ги сочинуваат христијанските демократи и социјалдемократи бидејќи овие добиваат меѓу 25% и 30% гласови. Мнозинските партии за сега немаат адекватни одговори, а често и превземаат теми кои ги наметнува десницата. Некои истражувачи, осоебно влијателниот Кас Мудд, дури и докажуваат дека баш демохристијаните допринеле за оживување на популизмот преку преиспитување на маграционата политика и мултикултурализмот, и така го расчистиле патот за раст на радикалната десница. 

Лутиот бел човек

Новата популистичка десница добива подршка од ‘лутиот бел човек’, но пред се од помалку образованите, чие јадро го сочинуваат класичните индустриски работници. Младите и образовани, т.е. значаен дел од нив, исто така ја пдоржуваат десницата. Генерацијата Y – невработените, половично или краткорочно вработените, не чувствуваат никаква лојалност према општеството или према генерацијата на своите родители туку подлежат на заводливиот, популистички ‘повик на сирените’. Таа станува влијателно и преку користење на интернетот и социјалните мрежи. Постарата генерација (+60) во некои земји го чини јадрото на подршка. Сепак е прекаријатот тој внатре, кој радикалната десница најмногу го регрутира. Значи, оние кои живеат во неизвесност и несигурност во аботата и доходите, а просторно се маргинализирани. Меѓутоа, истражувањата предупредуваат дека меѓу гласачите на радикалната десница се наоѓаат и околу 50% оние кои ги нарекуваат ‘присилни радикали’. Испитувањата покажале дека оваа група не ги подржува екстремните ставови за магрантите, мултикултурализмот и исламот. Едноставно се движи низ матрицата.

Губитниците од глобализацијата, новите економии и маргинализацијата се најпотребниот квасец. Затоа и глобализацијата, но и САД, минуваат низ популистички филтер бидејќи го загрозуваат, во посредство на националните елити (корумпираните, предавниците), националниот идентитет, културата и економијата. Амбивалентен е и ставот према ЕУ. Унијата и Европа се гледаат како единствен и супериорен простор кој треба да се брани (од исламот, левицата, мигрантите и ‘азиските тигри’). Од друга страна, ЕУ го загрозува националнит идентитет и е посредник во глобализацијата и американската хегемонија. Но и внатре во земјите членки постојат оние кои ја загорозуваат како ЕУ така и другите членки, особено во контекст на економската криза. Се слушаат предупредувања ‘која земја е следна’, и ‘до кога ќе плаќаме за мрзливите и корумпираните’. Оттука и ‘социјалниот шовинизам’, барањата да се преиспитаат исплатите на различни бенефиции (да речеме детскиот додаток) на мигрантите чии семејства се во земјата матица, дури и ако таа земја е членка на Унијата. Заедно со тоа, мулткултурализмот станува основна тема на конфликт. Културата се гледа како темел на самоидентификација – ‘нам’ и ‘ним’. Европската култура, односно евроцентризмот станува норма. Нема мешање на кутлурите туку асимилацијат аи културниот апартхејд се наметнуваат како решенија. Заедно со концептот на теоријата на завери, муслиманските мигранти не дорпинесуваат за збогатување или бар валидација на европската култура. Радикалната десница уверува дека станува збор за исламизација на Евриопа и создавање на нова ‘Еурабија’ и нов калифат.

На крај, постои ли врска меѓу уличното насилство, тероризмот и радикалната десница? Тоа е неисцрпна тема и поврзаноста е тешко да се докаже. Друго е прашањето дали радикалната десница со својот популизам и укажување на ‘дежурниот виновник’ создава амбиент за потенцијално насилство. Во куќа полна плин, само наивните и лудите со опасно намери палат оган. Одтука и потребата да се зборува за ‘екстремната десница’. За тоа, сепак – како и за екстремната левица, но и стратегиите на спротивставување – во некоја друга прилика. 

 

 

 

Извор: akuzativ.com

Превод: Попова

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.