ВИДЕО: Пандев во форма, погоди и против Арсенал

По постигнатите голови на средбите со Капри и Галатасарај тој уште еднаш реализира и ја истакна кандидатурата за место во стартниот состав на тренерот Рафаел Бенитез.

Пандев попладнево во натпревар од „Емирати Куп“ во Лондон, во 29. минута го постигна вториот гол за „наполитанците“ во дуелот против домашниот Арсенал за водство во тој момент од 2:0.
Премиерлигашот до крајот успеа да постигне два гола за конечни 2:2.


 

На првата средба од овој турнир Галатасарај го победи Порто со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Фелипе Мело од пенал во 70. минута.

Португалскиот тим промаши два удари од белата точка и не успеа да избегне пораз.

Утре Наполи игра против Порто, додека Арсенал се среќава со Галатасарај.

Извор А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.