ШЕМОВ: Панчо Минов од 90-та наваму е најлутиот противник на ВМРО

пишува Глигор Шемов, кандидат за пратеник од коалицијата “ВМРО за Македонија” во изборната единица 4

На 1-ви декември во Кавадарци, го посетивме и првиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија по формирањето на централниот штаб 90 год. Домаќин ни беше г-дин Миле Кузев, еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ во Тиквешијата, а моментално Претседател на Ветераните на ВМРО во Кавадарци.

Имавме топол прием од нашиот брат. Нека видат сите дека вистинските ВМРО-вци се демократи во душа.  А вистинските вмровци и ветераните се тотално маргинализирани во ВМРО-ДПМНЕ. Во Кавадарци нема ниту еден ВМРО-вец на раководна позиција дали во партијата, дали во администрацијата и јавните претпријатија. И секаде во Македонија сликата е иста. Партијата е окупирана од алтернативци, сдсмовци, либерали и кој ли уште не.

На овие избори отидоа дури до таму, на листата на ВМРО-ДПМНЕ  на 4-то место го ставија Панчо Минов, а на 5-то Весна Пемова. Панчо Минов од 90-та наваму е најлутиот противник на ВМРО. Со него бевме лути противници на сите избори од 90-та, а сега го ставија на листа. Весна Пемова пак по којзнае кој пат успева да се напика на листата за пратеници. И самата на митинзите се фали дека мајка и Анѓа била партизанка. Каде се ВМРО-вците во сета оваа збрка?

Затоа браќа и сестри ВМРО-вци ајде на овие избори да си ја спасиме ВМРО-вската идеја, да им дадеме црвен картон на печалбарите и комуњарите кои се накотија во ВМРО-ДПМНЕ. Дигнете ја гордо својата глава и покажете им што значи да си ВМРО.

ГЛАСАЈТЕ ЗА ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА.
ГЛАСАЈТЕ ЗА РЕДЕН БРОЈ 9.
ДА ЖИВЕЕ ВМРО!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!

Leave a Reply

Your email address will not be published.