Паганството како државна религија

 

Влатко Ѓорчев (читај, Груевски) на Македонија и приоѓа од името на религијата, отворено и бесрамно кокетира со Црквата, подоавајќи и’ ги рацете како лигав рибарски трговец

Влатко Ѓорчев во Дневник (2.01.2015., Овој Божиќ кај Македонците) ни пишува урнебесни бравурии надвор од умот, фолклорно-хушкачки и предвидливо; владиниот пропагандист (читај, Груевски) несвесен за своето место под соцето, како што е несвесен и за улогата на Црквата во Македонското општество, ви велам, го читам Ѓорчев В., па си велам на себе, чекај чекај, кој е овде несвесен? Кога ваков робусен десничар говори, знаеш дека тоа има наопачка аналогија. Се’ го издава, само пушти му ја вилицата да му ломоти и’ веднаш се открива сиот соменеж.

 

Koja e аналогијата, се прашувате вие. Најпрво помислив на тоа, дека можеби државата (она ненаситно црево за уште) и досадило во 2015. биде држава, па сака малку да се „очеша” во материјалните добра на црквата како би станала половина држава, а половина црква? Потоа си велам, можеби пак црквата (она ненаситно црево за уште) сака да биде држава така што бладањето или „владањето” по св. Влатко Ѓорчев е скриена порака на Владината врхушка која преку него ни најавува нови „љубовни бракови“ од „теолошка“ (да не речам филозофска) природа во 2015. помеѓу Владата и Црквата? Потоа пак, сфаќам дека работата не е воошто наивна и дека со помошн на Ѓорчевите аналогии, Владата ни најавува дека во име на религијата ќе бидат злоупотребени децата преку „утробата“ на родилките (делот во ќе реагирам, обидувајќи се низ следниот пасус да откријам нешто ужасно монструозно, а доаѓа директно од Владиниот пропагандист, Влатко Ѓорчев): „Да се спаси Македонското семејство, да се спасат животите на децата во утробите на мајките, да се спречат пороците, да се спасат браковите, да ни бидат полни црквите, да се извади на прав пат цела една генерација на Македоници.“

 

Aко не се работи за хумор на цитираниот пасус, тогаш склон сум да верувам дека Ѓорчев, пишувајќи, под наплив на самотничко себе-егзалтирање, ни објаснува дека се работи за комплетен лудак. Ако пак, тоа го апсолвиравме, што тогаш ни кажува лудилото на Ѓорчев? Имено, ни кажува многу за Македонија како држава, ни кажува на кои политички позиции се наоѓаме како народ, и ни кажува неколку, за мене најбитни работи.

 

Како прво, дојде крајно време, ние како народ, да го примиме христијанството. Разни народи во Европа, во различни времиња, го примале христијанството на различни начини. Ама факт е дека во Македонија паганизмот остана доминантна појава. Мисијата и’ доаѓањето на Исус Христ на земјава донесува еден нов етички код, со кој очигледно груевистите не се запознати. Стожерот на тој „етички код“ е ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА СЕБЕ. Лесно е да си нашмркан на Племенски паганизам, Ѓорчев, постојат народни поговорки за тоа: „кој не се освети, тој не се посвети”; „око за око, заб за заб“, што, ќе се сложите дека, и вие (ко клика!) немате појма колку и’ што има Хрстијанско во сето тоа? Тоа што Ѓорчев ни го објаснува, што е за мене ужасно важно е тоа дека Македонија денес е во претхристијански политеистички корен, што во превод значи дека поединецот нема никаква значајна улого во општеството. Една социјалистичко-паганска митоманија во која поединци како Влатко Ѓорчев се однесуваат како неодговорни билмези вдомени во еден колективен систем кој обезбедува некаква – кобајаги! – колективна безбедност.

 

Друго, низ цитатот на Ѓорчев ни се кажува дека организираната религија во Македонија, онаа која е во директна соработка со државата е погубна за целото општество затоа што преку ваквиот „сет“ од митолошки претпоставки кои се користат како „народни“ вистини, објаснувајќи ни, како, и низ кои митолошки матрици директно ја гушат и негираат науката, струката во целина (најдете било кого и прашајте го, дали Црквата низ историјата константно ја негирала науката!?); вакви поединци религијата ја користат само како инструмент за да се искачат низ партиската хиерархија до највисоките ешалони само како би стекнале моќ и пари. Од таа позција, многу е лесно да се манипулира, да се контаминира, па дури и ако сакате – да се уриваат слободите на луѓето во сите сегменти од јавното и општественото делување.

 

Имено, со оваа колумна Ѓорчев и признава на Македонија дека ја доживува како пораз уште на самиот старт, што е елементарен факт! Македонија е толку многу далеку од Европа (еве и да ја одредиме таа Европа): во историска, географска, па, ако сакате и, далеку е Mакедонија дури и од она што значи Западната цивилизација, а тоа пак значи дека Македонија е далеку од Секуларно и Демократско општество!

 

Секуларизмот на Европа после просветителството и после граѓанските револуции, верата и државата се стриктно одвоени, и ни една верска заедница, било таа да е мнозинска или малцинска на еден простор, не може своите интерни правила да ги наметнува на другите луѓе, ниту може своите световни работи, без разлика дали се работи за личности, феномени, за некои верувања дека некои легенди се одамна случени или неслучени на некое подрачје… Најпросто речено: не може да им ги наметнува на другите луѓе! Другите луѓе, го имаат секое суверено право, било првитно, било јавно, на разни начини, да се заебаваат со лудачкиот клерикализам на Црквата, да се заебаваат со лудачкиот клерикализам на Влатко Ѓорчев и сличната „политичка“ боранија.

 

Опсесијата со децата, она за кое спомнува Ѓорчев во својата колумна, е ригидната контрола врз нивното воспитување е типично за секој систем кој гаи „вредност“ на апсолутен авторитет. Првиот за кој се вели дека рекол „Дајте ми дете пред да наполни десет години, и јас ќе ви дадам човек“ бил исусовец, но идејата е многу постара. Индоктринацијата на младите честопати има спротивен ефект, што го знаеме од судбината на многу секуларни идеологии, но се чини во нашиот случај дека религијата на Влатко Ѓорчев е подготвена да се соочи со тој ризик се’ со цел да ги задои просечните момчиња и девојчиња со доволно количество пропаганда. Господ е добар параван за Ѓорчев, како што претпоставувам е добар параван и безначајниот лик на Дедо Мраз, се’ со цел – скротување на непослушните.

 

Но, можеме со сигурност да тврдиме дека религијата отсекогаш посакувала да има влијание кон неоформените и неодбранливите умови на младите, и дека религијата правела се’ за да си ја осигура таа привилегија, правејќи коалиции со партиски армии во материјалниот свет.

 

Низ пасусите во колумната на Ѓорчев В. лесно се откриваат глупостите и другите, од човек создадени суровости на религиозните. Идејата за измачувањето на жените да раѓаат е стара колку што е стара и идејата за злобата во човештвото како единствениот вид способен да замисли како би било да им се прави на други. Наместо самите мајки, родолки, да одлучуваат што ќе прават со својот ембрион, Влатко Ѓорчев, низ својот – претпоставувам инстиктивен егзалтирачки говор – раѓањето го институиционализира (читај, канонизира! преку партијата на власт), дури го усовршува како нивна политичка практика од која само тие (власта), ќе смеат да одлучуваат.

 

Да се повикаме на еден пример: неморалното подучување. Неморалното подучување се однесува на абортусот. Имено, докажано е дека ембрионот е посебно тело и ентитет, а не како што некои тврдеа дека е посебно тело или израсток во женското тело. Познавам луѓе кои тврдат дека тоа е нешто како слепо црево, па дури и нешто како тумор. Понатаму Ѓорчев вели, „да се спасат неродените деца”; пред неколку месеци станав татко, и низ разговор со докторите, бидејќу сум љубопитен човек, доктор ми вели, „Постојат многу околности во кои не е пожелно фетусот да се износи до крајниот термин“. Се чини дека или природата или бог тоа го признаваат, бидејќи многу од бременостите се, така да се каже, „абортирани“ поради деформации, што на пристоен начин се нарекува „подметнување“. Колку и да е тажно, тоа е можеби помалку жално од големиот број на деформирани или идиотски деца кои инаку би се родиле, или би биле мртвородени, или чии кратки животи би биле мачење и за нив и за другите.

 

Како што гледаме, забременувањето не води, ниту водело секогаш до раѓање. Сите мислечки луѓе во цивилизираниот свет се свесни за болниот конфликт на правата и интересите во врска со прашањето на „прекин на бременоста“, на пример. Понатаму, семејстава кои се оставени на милост и немилост на природата и кои се врзани за циклусот како оној со животните, умните мислат како да се примени превентивата. Најпримитивниот начин, кој секаде е отфрлен во Цивилизираните замји, а за кој мислам дека Владата на Ѓорчев е убедена дека постои, е таа која вели: сета сперма и сите јајца се потенцијални животни чие спојување не смее да се попречи, и дека штом се соединат, без оглед колку е тоа кратко, веднаш имаат душа и мора да се заштитат за Грујов закон.

 

Сета заложбата имено за контролирање на заштитата врз неродените и за застанување преку декларативната изречена позиција – „Ние како партија сме на страната на животот“ – ја девалвирале токму вакви како Ѓорчев В. кои ги користат неродените деца, исто како и родените, едиствено како објекти за манипулација во својата доктрина. Склон сум да верувам, дека низ нивните писанија, ќе продолжат нивните штеточински политики уште побрутално и комплетно неодговорно, како што им приличи на пагани, брутални за пари и моќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.