“Паднати ангели” – Трејси Шевалие

“1901 – Јануари, ден по смртта на кралицата Викторија. Стриктни социјални и морални кодови, славење на смртта……..Приказна за две семејства чии судбини се испреплетуваат, но и за детското пријателство, сексуалното будење и човечките слабости. Приказна која преку судирот на новото и старото (време) ги истражува човечките судбини и влијанието на историскиот пресврт врз нив. Се започнува на едни гробишта. Се се одвива околу две семејства и три деца. Се се случува во нивниот двор. Еден настан од темел го разнишува нивниот живот. Низ призмата на микрокосмосот на овие две семејства, кои и покрај непомирливите противречности на сопствениот светоглед ги поврзува нараскинливото пријателство на децата, на суптилен начин се прикажани клучните моменти на историскиот пресврт. Два света се во конфликт. Стариот, викторијански поглед на свет со своите стриктни морални и општествени норми кои го оттргнуваат средиштето од човекот, и новото, антропоцентрично доба, едвардијанското, кое своето тежиште го става врз човекот. Низ игрите на темното наспрема светлото, нормата наспрема отстапката, кодот наспрема слободата на изборот, Викторија наспрема Едвард, славење на смртта наспрема славење на животот, се раскажува судбината на двете семејства како микрокосмос наспрема макрокосмосот на општеството чија огледална проекција се токму тие, единките. Малите промени ги иницираат големите или обратно…Светот продолжува натаму……..

1910 – Ден пред погребот на Кралот Едвард. Промена на нацијата, борба за женско ослободување и поголема лична слобода, знак прашалник врз утврдените верувања.”

 

 

 
 
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.