Паднат е рејтингот на Обама

Причината за ваквиот пад аналитичарите ја гледаат во појавата на низа на спорни случувања, кои ја тресат Белата Куќа.
Според анкетата која е денеска објавена од страна на CNN, работењето на Барак Обама на чело на САД го одобруваат околу 45 % од страна на американсктата нација, претставува најниска подршка од страна на американската нација од 2011 година, се наведува во анкетата.
Истовремено, 54 % од испитаниците се исјасниле дека не се сложуваат со неговиот начин на водење на политиката, што претставува 9% проценти повеќе во споредба со анкетата извршена во Мај.
Анкетата е направена од страна на агенцијата ORC International каде што се испитани околу 1 014 испитаници во периодот од 11-13 Јуни.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.