Последица од ембаргото на Косово, падна цената на црвената пиперка

Тоа е цената по која што пиперката може да се купи на струмичкиот кванташки пазар, а откупната цена е уште пониска велат производителите. Земјоделците се шокирани. Сметаат дека ситуацијата со ембаргото со Косово и блокадата на границата најверојатно го предизвикале овој драстичен пад на цената на пиперката.

-Претпоствуваме дека до ваква ситуација дојде бидејќи се намали извозот, а границата со Косово е блокирана. Ќе чекаме до утре да видиме што ќе се случува, за потоа да реагираме изјави за НОВА Ристо Велков од Регионалниот Сојуз нa синдикати на земјоделски производители.

Велков ги потврди информациите до кои дојде НОВА дека голема количина на пиперки од утринава останале непродадени. Земјоделците се револтирани, велат дека трошокот за производство на пиперката е поголем од откупната цена. Во сезона на ек на познатата струмичка пиперка која се користи за ајвар и за индустриско производство, падот на цената е нов голем удар по грбот на земјоделските производители.

Веке трет ден трае блоката на камионџиите од „Макамтранс“ кои поради револтот за ембаргото на македонските производи од страна на Косово ја блокираа границата кај Блаце. Границата се поминува само пеш поради километарските долги колони од возила.

И покрај дожливото време ситуацијата денеска остана непроменета. Според проценките на експертите поради ваквата ситуција, Македонија дневно губи околу еден милион долари. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.