Пациент се обесил во штипската болница

Починатиот М.А. на возраст од 78-години кој бил родум од Свети Николе, бил сместен на штипското уролошко одделение поради проблеми со простатата, а бил опериран минатата недела. Безживотно тело е откриено еден час по полноќ, од страна на болничкиот персонал , за време на вообичаените ноќни контроли.
Во изминатите месеци, на идентичен начин во оваа болница се обесија две лица кои се лекуваа на одделенијата за психијатрија и физикална терапија.

Извор Плусинфо 

Leave a Reply

Your email address will not be published.