Ова не е битка за власт, ова е битка да се собори режим!

Деновиве имаме наплив на “неутралци“, баш како и кога се затвараше А1 телевизија, кога се апсеа политички затвореници, кога се исфрлаа новинари и пратеници од Собрание. Да бидам искрен, се осеќа дека значително се помалку за разлика од периодот по 24.12, но сепак не се за потценување. За оние кои се сведоци на целото зло на режимот, а притоа продлжуваат со лагата “сите се исти“ им нема спас. Тие навиваат за режимот, ама им е срам да кажат или полесно ја матат водата како “неутралци“ и полесно го релативизираат злото.

Сетоа ова ме потесеќа какви се оправдвуња слушнав за апсењето на Велија и неговото семејство, само за да го релативизираат упадот и затворањето на А1. Ме потсеќа и колку лоши зборови ми кажуваа за Љубе Бошковски, само да ми реплицираат на тезата дека е политички затвореник. На мојот сомнеж дека Никола Младенов е убиен, одговараа исто така со клевети и фабрикувани во полувистини. Сите беа криви, само нели режимот не е виновен до крај. За режимот максимум е да ја кажат лагата дека се исти како и претходните.

Не се сите исти, точно е дека Македонија никогаш не можела да се пофали со многу добра владеачка структура, ама во 2005 година Македонија беше рамо уз рамо со една Хрватска во евроатласнките интеграции. Денес сме најголемата црна дупка во тажниот Балкан. Денес Косово и БиХ функционираат подобро од Македонија. Впрочем во тие зeмји платите на работниците се поголеми од нашите, владеењето на правото е подобро отколку кај нас, медиумските слободи не се ни споредуваат, и на крај, таму нема политички затвореници. Вакво зло какво што груевизмот и нанесе на државата и граѓаните немало, ниту ќе има. Да ги соберете сите грешки на сите Влади од 45-та па наваму и сите штети кои произлегле од сетоа тоа не се ниту половина од штетата која Македонија ја претрпе во овие девет години. А што не чека ако груевизмот преживее не сакам ниту да мислам.

Деновиве ми приоаѓаат и луѓе кои до пред месец-два зборуваа дека не пратат политика, а ми приоѓаат и луѓе за кои знам дека редовно гласаат за ВМРО и велат дека ова лудило ќе мора да се спречи. Десетици другари, комшии, пријатели велат дека ќе ја дадат целата поддршка на протестите за да падне овој режим, иако знам дека немаат врска со политичките партии од опозицијата, дури, напротив , дел се симпатизери и активисти на некои од владеачките партрии.
Затоа, немојте да им дозволите на “неутралците“ да ја матат водата и со тоа да му помагаат на груевизмот. Ова не е борба кој ќе дојде на власт. Фер и демократски избори ќе има девет или 12 месеци откако Груевски ќе биде приморан да се повлече. Деновиве никој не ве повикува да застанете позади СДСМ или било која друга партија, деновиве има само едно дилема: Или Груевски или Македонија. Овдека за жал нема простор за “и-и“. А откако режимот ќе падне, на фер и демократски избори ќе можеме да си избереме што понатаму сакаме.

Немојте да дозволите “неутралците“ да ве заплашуваат со етикетите на режимот. Преку 90% од медиумите под режимска контрола, ако денес преќутите, и ако режимот опстане, било кога да размислувате со своја глава ќе ве прогласат за предваник, платеник и член на опозицијата. На 17-ти јас со себе ќе си ги земам сите свои етикети, досега ми се залепени најмалку пет, и ќе бидам на протестот против режимот. Ќе бидам на секој протест против оваа власт и ќе го чекам денот да викнеме заедно “Ура“ за победа.

Моите етикети ќе паднат после првите 100 дена на било која идна власт. А ќе уживам во глетката како дел од “неутралците“ ќе се шалтаат да одработуваат за новата власт.

Затоа на 17-ти излезете да се спасиме себеси и Македонија од Груевски и фамилијата, затоа што ниту СДСМ и опозицјата можат сами да не спасуваат, ниту пак без СДСМ и опозицијата е можен пораз на ова зло. А откако режимот ќе падне тогаш повторно секој на своја страна.
Замислете како ќе изгледаше Србија денес да останеше Милошевиќ.

Замислете како ќе изгледа Македонија за 4-5 години од денес ако опстане режимот.
Од нас зависи!

Leave a Reply

Your email address will not be published.