Ексклузивно: Отворено писмо од Загорац Тумбовски до Никола Груевски

“Времето е наше Никола ! Наше ! Не е твое ! Твоето време истекува и заминува.
Никола како не ти беше срам да земаш тогаш… а денес да ја лажеш цела македонска јавност , дека не си зел кеш евра од мене. Јас и ти знаме колку се нели не се само 80 000 евра , туку 500 000 евра. Останатите Никола ќе се покажат кога ќе бидеме рамноправни во битката, кога нема да се криеш зад државата И институциите на системот. Ти си плашлив но многу зол човек Никола. Сметам дека пред лицето на правдата редно е да бидеме еднакви. Никола тогаш ке мора да ја кажеш вистината, ќе мора да признаеш како ги монтираше судските процеси против мене и останатите заеднички наши пријатели. Убаво би било да дознае јавноста за твоите методи и конструкции што ги користиш за да си ги измиеш валканите раце и сокриеш криминалот кои го правеше.

Никола, Гордана и Чавков со закани и со невиден притисок врз судиите од Апелациониот И Врховниот суд на РМ поништија три Ослободителни пресуди на Основниот суд Струмица . Судиите знаат но молчат и се плашат да гукнат, затоа што вие ја инсталиравте диктатурата Никола. Како плашлив лицемер, исполнет со невидена злоба едноставно реши да ме елименираш од твојот круг. Зарем заборави на времето кога со саати киснеше во мојот кабинет во Јака Табак Радовиш. Зарем заборови колку средства ти беа уплатени на жиро сметката на АНАЛИТИКО токму од Јака Табак и Табак Осигурување во 2005,2006 година. Јака Табак успеа да ја унистиш ! За малку ќе ја унистеше и Табак Осигурување но те спречија Словенците. 

Не можеш да ги уништиш сите докази за твоите криминали Никола! Твојот полтрон Илија Димовски вели печатот бил фалсификат, бил стар… Па добро бе Димовски со кое право си дозволи да обвинуваш кога тогаш си бил никој и ништо. Самиот дозволуваш да бидеш манипулиран од Груевски. Тебе воопшто никој не те прашува за да со Гебелсови манири ја труеш македонската јавност. Самите се навлековте во дополнителен криминал со манипулациите за печатот . Ракописот на касите прими на кого е Никола ? Јас сум верник , доколку си ти да ја кажеме вистината дека целиот текст на ракописот е на Гордана Јанкуловска . Па нели ти ме тераше да ги носам средствата кај нејзе. Графолошкото вештачење ке го потврди сето тоа. Што потоа Никола ? Е мој Никола не само што ја упропасти државата Македонија, го упропасти и Вмро Дпмне. Ти нема спас ! Кога и да биде е веке блиску !!! Што тогаш Никола ??? Каде ?? ? Во Истражниот затвор Никола за да се сетиш на мене, Љубе, Велија, Ѓиповиц, Ѓорги, Тоше и многу други неправедно и не фер осудени лично од тебе и твоите судии полтрони. Знам и кога ги земаше предметите од Врховен суд на РМ и ги носеше во твојот кабинет и како вистински диктатор, решаваше човечки и семејни судбини. Никола Вистината е како шило…”

Пс.Осмели се пријави корупција.

Загорац Тумбовски
Член на Вмро Дпмне од 1990 година
Член на Првиот Извршен комитет на Вмро Дпмне од 1991 година

(текстот е преведен од латиница на кирилица)

Leave a Reply

Your email address will not be published.