Отворено писмо до Бетиане Китев

Бетиане, не очекувам дека ПАРТИЈАТА ќе загуби во борбата со актуелниот проблем околу пратеничките мандати, што беше за очекување дека ќе се јави. ТАА ќе најде начин да покаже дека сепак таа е газда. Оној кој не може и не сака да ме разбере сакам да го потсетам дека пропорционалниот систем меѓудругото предвидува ЛИСТА. На листата се наоѓаат луѓе, тоа не се ниту бројки, ниту знаци и тоа треба сериозно да се има предвид.

Точно е тоа дека твојот избор (и на било која личност која се наоѓала на листата) ќе беше скоро невозможен ако не се најдеше на неа, но не смее да се потцени и тоа што токму ти (и останатите од неа) си се нашол на неа. Знаши, раководството сметало дека од твојот избор (и на лицата кои се нашле да се претставуваат себеси, партијата и коалицијата) ќе обезбедат доверба од граѓаните. Најмалку сакам да ти наоѓам мана, напротив сакам да те охрабрам и потсетам дека само ТИ можеш да не прифатеш мандат. Не треба да заборавиш дека ТИ својата одлука за неприфаќање или прифаќање на пратеничкиот мандат ја кажуваш не во твое име, туку во име на ОНИЕ кои ти укажале доверба да ги претставуваш СИТЕ граѓани.

Затоа треба да се одважиш и лично ја образложиш својата одлука, која на крајот на краиштата ќе ја влечеш со себе со сите последици. Партиската одлука каква и да биде, таа мора да ја има твојата согласност и треба да излезе надвор од партиските тела и ја слушнат граѓаните од тебе, а не од портпарол на партијата.

Бетиане, не треба да заборавиш дека сопственик на твојот мандат или (не)мандат не е ниту Заев, ниту СДСМ, ниту ти. Тоа се граѓаните и нивната воља.

Со почит.

Leave a Reply

Your email address will not be published.