Отворено и добронамерно, до Претседателот на СДСМ

Почитуван г-дине Заев,
Значајот на часот налага да на самиот почеток ја поздравам вашата намера за објавување на информациите поврзани со злоупотребата на службените функции и позиции на моќ од страна на владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и нивниот посреден партнер ДПА. Наодите кои ги изнесовте н виделина денес – а убеден сум и оние кои допрва ќе уследат – се само современ потсетник за Лојд Акроновото предупредување дека се што е тајновите кородира. За што одговорноста паѓа во потполност врз плеќите на оние кои обземени со слепа грамзивост за апсолутна моќ, сега треба и да се соочат со апсолутна одговорност за своите нечесни постапки.

 

И јас, како и сите останати обични граѓани на оваа земја, со нетрпение очекуваме да ни се стават на увид информациите доставени до вас, со цел да и бидат дадени на знаење на јавноста. Вашата јавно искажана заложба дека на секој начин сакате да спречите било каква можност да објавата на осетливи информации ги загрози основните постулати на безбедноста, мирот и соживотот се секако потврда на однапред искажаната определба за одговорен однос кон политичките процеси и општествените односи во земјата. Во склоп на тој однос, ја разбирам вашата и определбата на партијата која ја предводите да се воздржите од објавување информации кои би влијаеле на меѓуетничките, меѓу-граѓанските и меѓународните односи на Република Македонија.

Ќе ми дозволите да во оваа прилика го искажам моето длабоко убедување дека интересот на граѓаните за токму тие информации за евентуални крвави разрешници н политички и ини спорови е показател на една нова свест која не прифаќа да злосторствата сторени со цел стекнување на политички или финансови предности од страна на партијски и политички фактори, бидат камуфлирани и оправдувани со етнички конотации. Воедно, сосема сум убеден дека граѓаните на Република Македонија се доволно зрели – што и го имаат докажано во неколку наврати – да направат разлика помеѓу акти сторени во име на етносот, нацијата или национализмот и оние сторени за потребите н одделни политички партии со формален етнички предзнак.

Намерата на ова обраќање секако не цели да влијае врз вашата одлука која ја сметат за сосема легитимна во својата автономост и добронамерност. Останува на вас лично да донесете решение дали затајувањето на тие информации би било со краткотраен смирувачки ефект или би предизвијкал долгорочен нусефект на традиционална недоверба. Сепак, ја користам можноста да ја потврдам мојата апсолутна и сврста подршка во прилог на објавување на секоја и секаква информација за директната вмешаност на сегашни или поранешни владини или партијски функционери во акти на злосторство, убиство, организирање или прикривање на истите. Колку и да се потресни таквите сознанија и желбата да се прикијат за да се поштеди јавноста, апелирам да не заборавите дека тајните редовно дегенерираат во уште поужасни форми на општествени несреќи, за кои одговоноста ја сносат како првичните директни актери на стореното злосторство, така и оние кои допринеле во нивните заташкувања, па дури и ако е тоа сторено со најдобри намери. Во албанската јавност шпекулациите за вовлеченост на активни и поранешни високи претставници на ДУИ во акти на политички убиства или атентати и содејство во дела против добробита на засегнати граѓани и трговии на уштрб на владеењето на правото веќе добиваат епидемични димензии, со посебен фокус врз ликот и делото на припадниците на злогласнипот тнр. Кичевски Клан и нивните помагачи во Скопје.

Со цел да се избегнат не само можните, туку потполно извесните негодувања сомнежи и оптужби кои секако ќе уследат и бидат упатени на ваша адреса, си давам слобода да предложам начин со кој тие евентуални недоразбирање би биле во корен елиминирани.

Затоа, предлагам да во тек на наредните денови, организирате претставување на информациите во ваша доверливост а се однесуваат на дела и учества на претставници од ДУИ и ДПА поврзани со редица случаи кои ја оптоваруваат албанската заедница во Македонија и влијаат на меѓуетничките односи. Во тоа претставување би земале учество група личности кои претходно законски и морално, писмено и вербално би биле ставени под гаранција на зачувување н тајновитоста на изнесените и претставени материјали, под заклетва дека истите нема да ги (зло)употребат, пренесат вербално или писмено, нема да ги искористат на никој начин и во било која форма во политички, јавни, приватни и секакви други намери и/или мотиви.

Со цел обезбедување на што покоректни и содржински поволни услови за таквата презентација, предлагам да од страна на албанката заедница поканите по еден претставник од опозицијските субјекти Беса, НДП и реформското Движење на Зијадин Села, претстваник од опозицијскиот дневен весник Лајм, претставник од НВО со добри познавања на материите поврзани со човекови права (предлог: Суад Мисини), преставник од Здружението Политички Затвореници, и еден независен интелектуалец без партијски афилиации. За да се избегнат недоразбирањата, сомнежите и шпекулациите за мотивите на моето обраќање, однапред се иземам себеси од листата лица кои би земале учество на тој или сличен собир. Се подразбира, тежинта на скандалите и на таквата презентација би била соодветна единствено доколку н неа бидат поканети ист број претставници од политичките партии и независни медиуми од македонскиот кампус кои исто така ќе бидат претходно подлежени на потпишување на договор за доверливост.

На крај, ве поздравувам со почит и искрена надеж дека предлогот ќе го земете предвид во најскор можен рок.

(Текстот е превземен од фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.