Откритие: Душата постои

Признатите научници по квантна физика успеале да дадат одговор на прашањето кое ги мачело сите религии и бројните филозофи: дали постои човечка душа? Американскиот доктор Стјуарт Хамероф и британскиот психијатар сер Роџер Пенроуз научно докажале дека таа навистина постои.

Мозокот како комјутер

Двајца стручњаци се автори на новата квантна теорија за свеста, според која нашите души се наоѓаат во специфични структури наречени микротубули или микроцевчиња, сместени во ќелиите на мозокот, а од каде по смрта можат да излезат и да продолжат да постојат во универзумот.

Докторот Хамероф од универзитетот во Аризона и Пенроуз работеле на таа теорија од 1996. година, кога тргнале од идејата дека мозокот е биолошки комјутер, составен од скоро 100 милијарди неврона, односно нервни ќелии и специјални т.н. аксонални искри и синаптички врски, кои се однесуваат како информациски комјутерски мрежи. Тие сакале да докажат дека нашето свесно искуство е резултат на процесот кој се одвива во микроцевчињата, кои ги нарекле оркестрирана објективна редукција (Orch-OR).

Клиничката смрт е клучот

Стручњаците ги изучувале случаите на луѓето кои доживеале клиничка смрт. Нивните микроцевчиња од ќелиите на мозокот ги губеле квантните податоци, но информациите во нив не биле уништени. Со тоа Хамероф и Пенроуз потврдиле дека душата не умира, туку заминува некаде во универзумот.

„Доколку по клиничка смрт лекарите успеат да го оживеат пациентот, сите квантни информации се враќаат во микроцевчињата, а лицето кое било на самиот раб на животот тврди дека има чувство како за малку да умрела. Така е можно, кога лицето навистина ќе умре, неговите квантни информации потполно да го напуштат телото во вид на душа и да продолжи д апостои во вонтелесен облик некаде во универзумот“, објаснил доктор Хамероф.

Душата во окото

Многу научници со години се обидувале да дојдат до теориите со кои би можело да се објасни постоењето на човечката душа и да се открие каде таа се навистина се наоѓа. Така психолозите од Универзитетот во Јејл тврделе дека таа е сместена во човечкото око или околу очите. Тие спровеле истражување во кое голем број волонтери прикажувале фотографии на ликови од цртани филмови, а на секоја слика се наоѓал мал објект на различни позиции на телото (близу до главата, торзото или нозете), но секогаш на иста далечина.

Хипотезата на научниците била дека луѓето ги доживувале објектите поблиски ако се наоѓаат кај душата. Повеќето извоиле фотографии на кои објектот е кај очите, па истражувачите заклучиле дека душата се наоѓа кај сетилата за вид, а не во мозокот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.