Откриена е тајната за вечниот живот

Теломерите ги штитат хромозомите од оштетувања додека клетките се делат и растат. Сепак, со тек на време се намалуваат и ја губат својата заштитна улога. Кога доаѓа до тоа, се смета дека започнал процесот на стареење. Новата процедура им овозможува на научниците да ги продолжат теломерите и на тој начин да го забават биолошкиот часовник, што ги прави луѓето помлади.
– Овој пристап е нов начин на превенција против разни болести што го предизвикуваат стареењето. Постојат и многу парализирачки генетски болести поврзани со скратување на теломерите кои би можеле да имаат корист од овој потенцијален третман, изјавил еден од истражувачите.
Процесот го проучила Хелен Блау од универзитетот во Стенфорд, но сепак во 2009 година научниците од њујоршкиот медицински колеџ „Алберт Ајнштајн“ го откриле овој ензим и неговото функционирање.
– Ова е начин за продолжување на теломерите за дури 1.000 нуклеотиди, што овозможува враќање на биолошкиот часовник наназад и продолжување на животниот век, изјавил Хелен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.