Резил, кавадарчанец отишол да дава крв, на трансфузиологија немало кесиња!

Катастрофалната состојба на македонското здравство продолжува да се продлабочува до недоглед. Последното од низата “реформи” кои ги прави министерот Тодоров се одвива во општата болница во Кавадарци, односно во секторот за трансфузиологија.

Граѓанин од општина Кавадарци денес бил спречен од вработените во трансфузиологија да си ја обави својата солидарна и хуманитарна акција, да дарува крв. Вработените од трансфузологија го вратиле со образложение дека во моментот немало празни кесиња за крв. Му било кажано да се врати повторно за две недели.

Крводарителот целиот избезумен од одговорот кој го добил, решил да се пожали директно до централата на министерството за здравство во Скопје. Цел час звонел на контактниот телефонски број, но залудно. Немало одговор од другата страна. Останува енигмата и прашањето зошто постои телефонски број кога никој не се јавува за време на работното време.

Ова не е првпат за ваквите пропусти и испади на секторот за трансфузиологија во Кавадарци. Пред неколку недели на истото место му беше одземено правото на граѓанин од општина Кавадарци да дарува крв само затоа што бил крвна група “0” – позитив и декаи мало доволно залихи од истата. 

Граѓаните а посебно крводарителите се разочарани од ваквиот однос на овој отсек во кавадаречкото здравство. Велат, дарувањето на крв не познава граници и никогаш не се вели дека е доволно. Никогаш не знаеме што ни носи утрото.

Leave a Reply

Your email address will not be published.