(Фото) Оштетена шахта во Кавадарци, опасност за сериозни последици во сообраќајот

Шахтата која се наоѓа во непосредна близина на градскиот парк е длабока повеќе од еден и пол метар и претставува сериозна опасност за минувачите. Доколку се возите со автомобил, тешко се приметува, особено ноќно време.

Причина повеќе за оштетувањето предизвикуваат и тешките товарни возила кои секојдневно се движат, вршејќи градежни работи во непосредна близина.

Дали надлежните им е во план да реагираат и притоа „санираат“ овој сериозен проблем, останува да видиме. Се надеваме дека во меѓувреме нема да се случи некој не биде „проголтан“ од шахтата. Овој дел од градот е доста “прометен” со минувачи, посебно деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published.