Оштетен споменикот на Тиквешкото Востание во Кавадарци

Притоа е оштетена една плоча од предниот дел од споменикот. Директорот на музеј галеријата на општина Кавадарци ова дело го окарактеризира како чин на вандализам од страна на поединци.

“Направен е невиден вандализам. Изгледа дека некои луѓе немаат обзир кон историјата и жртвите кон кои треба да даваме почит. Информирани се авторите на споменикот Ќире Мукаетов и Диме Самарџиев и ќе се обидеме во најкратко време да ги санираме штетите” рече директорот на Музеј Галерија Кавадарци, Петре Камчевски.

Кавадаречката јавност го осудува ова дело доколку е акт на вандализам. Можеби е дело на поединци вандалисти, или група несовесни граѓани. Можеби истрагата е сеуште во тек и прерано е да се пласираат изјави во јавноста и да се обвинува некој без конкретни докази.Можеби овој чин е резултат погрешните политики на локалните а и државните власти кои се расфрлаат со пари на споменици на веќе починатите а притоа не водат грижа за своите сограѓани, оние живите? На крајот на краиштата, што ако самата плоча која е одделена од споменикот е резултат на непрофесионално работа на оние кои го дизајнирале и изработиле овој споменик? Дали се бара виновник можеби за нивното непрофесионално работење?

Фото Утрински

Leave a Reply

Your email address will not be published.