Основни закони на човековата глупост

ПРВ ОСНОВЕН ЗАКОН

Првиот основен закон на човековата глупост недвосмислено го тврди следново:

Секогаш и неизбежно, сите го потценуваат бројот на глупаци во оптег.

На прв поглед тврдењето звучи тривијално, нејасно и ужасно немилосрдно. Подеталното испитување открива реална вистинитост на ова тврдење. Без оглед на тоа колку високи се нечии процени на човековата глупост, повторно се изненадуваме со фактите:

– За некои личности кои своевремено се проценети како рационални и интелегентни се покажува дека се прилично глупави.

– Од ден во ден поединецот е малтретиран при своите активности од страна на глупаци кои се појавуваат одненадеж и неочекувано, на најнезгодните места и во неверојатни моменти.

Првиот основен закон ме спречува да ја дефинирам бројната вредност на удделот на глупавите луѓе во вкупната популација: секоја нумеричка проценка би се покажала како потценета. Поради тоа во понатамошниот текст удделот на глупавите луѓе во рамките на популацијата ќе го означуваме со симболот ∂.

ВТОР ОСНОВЕН ЗАКОН

Културните трендови, сега модерни на Западот, фаворизираат егалитарен пристап кон животот. Сакаме да мислиме за човековите битија како совршено проектирани машини за масовно производство. Генетичарите и социолозите се предводници во докаѓувањето, со импресивна подршка од научни податоци и формулации, дека сите луѓе се еднакви а во случај некои да се поеднакви од другите тоа се припушува на воспитувањето а не на природата.

Го издвојувам своето мислење од овој општ аспект. Моето цврсто убедување, подржано од долгогодипното набљудување и експериментирање, е дека луѓето не се еднакви, дека некои се глупави а други не се, и дека разликата е одредена од природата а не од културните фактори. Некоја личност е глупава на ист начин на кој друга е црвенокоса; поединецот припаѓа на групацијата глупави подеднакво како што некој припаѓа на одредена крвна група. Глупавиот човек се раѓа како глупав преку актот на провидение. 

Иако тврдан дека ∂ удделот начовекови битија е глупав и дека е така како резултат на генетските особини, не сум реакционарен и немам намера да пропагирам класна или расна дискриминација: цврсто верувам дека глупоста е неселективна привилегија на сите човечки групи и дека рамномерно се дистрибуира со константна пропорција. Овој факт е изразен како Втор основен закон кој тврди:

Веројатноста дека одредена личност ќе биде глупава е независна од било која друга карактеристика на таа личност.

Во таа смисла природата изгледа навистина се надминала сама себе. Познато е дека природата, исклучиво таинствено, успева да одржува константна релевантна фреквенција на одредени природни појави. На пример, без оглед дали луѓето се размножуваат на северниот пол или на екваторот, дали соодветните парови се богати или не, дали се црни, црвени, бели или жолти, односот на женските и машките бебиња е константен. Најбитен факт за фреквенцијата на глупоста е дека природата успева во одржувањето на ∂ удделот на глупави луѓе сосема независно од големината на групата.

Ист процент на глупави луѓе добиваме без оглед дали се разгледуваат бројчано големи групи или се занимаваме со многу мали групи на луѓе. Ниту еден друг сет од видливи појави не нуди така впечатливи докази за моќта на природата.

Доказот дека образованието нема никаква врска со ∂ удделот е обезбеден со експериментите спроведени на голем број универзитети во пет главни групи: работници, административни работници, студенти, раководители и професори.

Анализирајќи ги работниците наоѓав дека ∂ удделот не бил глупав. Бидејќи вредноста на ∂ беше поголема отколку што очекував (првиот закон), плаќајќи го данокот на трендовите сметав дека треба да се обвинат сегрегацијата, сиримаштијата, недостатокот на образование. Но, движејќи се понатаму на општественото скалило, го најдов истиот однос меѓу вработените во администрацијата и меѓу студентите. Уште поимпресивни беа резултатите меѓу професорите – без оглед дали дали набљудував голем универзитет или помал колеџ, позната институција или некоја периферна, најдов дека е ист удделот ∂ и кај професротие. Збунет од резултатите, го проширив своето истражување на специјално избрана група, на вистинска елита – добитници на Нобелова награда. Резултатот ја потврди врховната моќ на природата: ∂ удделот на добитниците на Нобелова нагада е во очекуваниот процент. 

Дали му се допаѓа на некој или не Вториот основен закон, неговите импликации се језиви: законот имплицира дека без оглед дали се движите во угледни кругови или наоѓате прибежиште меѓу ловците на глави на Полинезија, дали сте се заклучиле во манастир или сте одлучиле да го поминете остатокот од животот во друштво на убави жени, ќе морате да се соочите со истиот процент на глупави луѓе а тој секогаш (во склад со Првиот закон) ќе ги надмине вашите очекувања. 

ТРЕТ (ЗЛАТЕН) ОСНОВЕН ЗАКОН

Третиот основен закон претпоставува, иако не тврди експлицитно, дека човековите битија спаѓаат во четири основни групи I, H, S и B. Ако Том извшува некоја работа и претрпи загуба додека произведува добивка за Дик, тој припаѓа на групата H: Том е безнадежен случај. Ако Том врши работа при што тој има добивка за себе додека истовремено создава добивка и за Дик, Том спаѓа во групата I: тој постапува интлегентно. Ако Том со својата акција овозможува добивка за себе а со тоа создава загуба за Дик, тој спаѓа во областа В: Том се однесува како разбојник. Глупоста се однесува на областа S. Третиот основен закон експлицитно тврди:

Глупава личност е онаа која предизвикува загуба на друго лице или група, не донесувајќи никаква корист за себе, дури и самата трпи загуба.

Кога за прв пат ќе се соочат со Третиот основен закон, рационалните луѓе инстиктивно реагираат со чувство на скептицизам и недоверба. Факт е дека разумните луѓе имаат потешкотии во конципирањето и разбирањето на неразумното однесување. Но, ајде да ја оставиме теоријата и прагматично да го погледнеме нашиот секојдневен живот. Сите можеме да се присетиме на прилика во која некој поединец земал уддел во работа која резултирала со негова загуба а добивка за некој друг. Се соочуваме со фактот дека се работи за безнадежен случај. Ќе се присетиме и на случаи во кои поединецот делува на благосостојбата на сите учесници: во прашање е интелегентна личност. Такви слуачи навистина се случуваат но ќе признаете дека тоа не се најчестите настани во нашиот секојдневен живот. Нашиот секојдневен живот е главно направен од случаи во кои губиме пари, и/или време, и/или енергија, и/или апетите, расположение и здравје поради работењето на некој бесмислен створ кој нема што да добие, и навистина не добива ништо, произведувајќи ни срамота, тешкотии и штета. Никој не знае, не разбира или не може да објасни зошто тој бесмислен створ го прави тоа што го прави.

Всушност, не постои објаснување или уште подобро, постои само едно објаснување: во прашање е глупава личност. 

ЧЕТВРТ ОСНОВЕН ЗАКОН

Безнадежните случаи обично не препознаваат колку се глупавите луѓе опасни за нив, и тоа воопшто не е изненадувачки. Нивниот неуспех е само уште еден израз на нивната немоќ. Неверојатен е фактот дека интелегентните луѓе и разбојниците често не успеваат да ја препознаат штетноста која е нераздвоива од глупоста. Тешко е да се објасни зошто тоа се случува и само може да се забележи дека често, кога ќе се соочат со глупва личност, интелегентните луѓе, како и разбојниците, прават грешка препуштајќи им се на чувството на самозадоволство или презир наместо веднаш да излачат доволна количина на адреналин и да изградат одбрана. 

Луѓето погрешно се склони кон верувањето дека глупавиот човек може да си наштети само себе си. Постојат и случаи во кои поединецот е во искушение да се поврзе со глупавата личност за да го искористи за сопствените шеми. Таквиот маневар не би требало, но сепак има катастрофални последици затоа што: а) се заснова на целосно неразбирање на суштината на глупоста и б) и дава на глупавата личност простор за искажување на своите можности. Маневрирањето со глупава личност до некоја точка е навистина можно но, поради непостојаното однесување на глупакот, не може да се предвиди секоја глупава акција и реакција и порано или подоцна ќе бидете поразени од непредвидениот потег на глупавиот партнер.

Ова јасно е собрано во Четвртиот основен закон кој тврди дека:

Луѓето кои не се глупави секогаш ја потценуваат штетноста на глупавите личности. 

Особено, не – глупите луѓе константно забораваат дека соработката со глупавите луѓе, во било кој момент, на било кое место и под било какви услови, секогаш се испоставува дека е скапа грешка.

Низ векови и милениуми, како во јавноста така и во приватниот живот, голем број поединци не го земале во предвид Четвртиот основен закон што имало за резултат непроценливи загуби за човештвото.

ПЕТТИ ОСНОВЕН ЗАКОН

Наместо да ја земаме во предвид благосостојбата на поединецот ајде да ја разгледаме благосостојбата на општеството, набљудувано во овој контекст како збир на поединечни услови. Целосното разбирање на Петтиот основен закон е од суштинско значење за анализата. Од сите основни закони, Петтиот е секако најпознат и неговите последици се често цитирани.

Петтиот основен закон тврди дека: глупавата личност е најопасен тип на личност.

Последица на овој закон е дека глупавата личност е поопасна од разбојникот.

Резултатот од делувањето на совршениот разбојник е чист и едноставен трансфер на богатство и/или благосостојба. После акцијата на совршениот разбојник, тој има плус на неговата сметка, плус кој е еднакво баш на минусот што го предизвикал кај другата личност. Општеството во целина не е ниту подобро ниту полошо од ова. Ако сите членови на општеството би биле совршени разбојници, општеството би стагнирало но би немало големи нарцисоиди. Цел бизнис би се свел на масивен трансфер на богатство и благосостојби во корист на оние кои превземаат акција. Ако сите членови на општеството би превземале акција во редовни циклуси, не само општеството во целина туку у поединците би се нашле во целосно стабилна состојба без промени.

Кога глупавите луѓе ќе се вклучат во работата приказната е сосема поинаква. Глупавите луѓе предизвикуваат загуби кај другите без соодветна добивка на сопствена сметка. Таквото општество во целина е осиромашено.

Ова што го наведов има соодветни рефлексии врз перформансот на општеството. Според Вториот основен закон, удделот на глупите луѓе е константа ∂ која не е под влијание на времето, просторот, расата, класата или било која друга општествено – културна или историска променлива. Би била голема грешка да се верува дека бројот на глупави луѓе во општеството кое е во криза е поголем кај она општество што е во развој. И двете општества се оптеретени со истиот процент на глупави луѓе. Разликата меѓу овие две општества е што во општеството кое функционира лошо:

– На глупавите членови на општеството им е дозволено од страна на останатите членови да станат активни и да делуваат повеќе;
– Се менува структурата на луѓето кои не се глупави преку намалување на нивниот уддел во областите на интелегентните луѓе, разбојниците и беспомошните случаи со знаци на интелегенција преку пропорционално зголемување на разбојниците и беспомошните кои натежнуваат кон глупоста.

Во општеството кое се движи по удолница удделот на глупавите луѓе е сеуште еднаков на ∂, меѓутоа, кај останатото население маѓу оние кои се на власт алармантно се зголемува бројот на разбојници со елементи на глупост со забрзан пораст на беспомошните личности меѓу оние кои не се на власт. Таквата промена во составот на населението кое не е глупаво неизбежно ја зајакнува деструктивната моќ на ∂ удделот на глупавите и ја зголемува незивесноста, а земјата ја води кон колапс.

 

 

Извор: fenomeni.me

Превод: Попова

Leave a Reply

Your email address will not be published.