„Основачот“ на ВМРО-ДПМНЕ е наредниот за лустрирање?

 Богдановски досега се сметаше за жртва на режимот, а сега Павловски тврди дека токму тој бил кодош воден од Службата со кодно име „Рашомон“.
Павловски открива дека во неговото досие нашол документи кои се однесуваат на соработникот заведен под псевдоним „Рашомон“, а за кого тој тврди дека е, „Драган Богдановски, идниот основач на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ“. Предметот е заведен под број 72 од 14 јануари 1989 година.
„Обработената особа „Рашомон“, односно Драган Богдановски, телефонски разговарал со академик Александар Матковски, при што овој му предложил истиот ден да ме посетеле мене во „Мисла“, затоа што од мојот престој во Австралија сум донел некакви материјали за него и усмено да му пренесам некои информации (се работеше за две писма со по сто долари и едно со педесет долари, што му ги пратија неговите пријатели). Замислете, „Рашомон“, тоест Драган Богдановски, веднаш телефонски ја информира Управата за државна безбедност дека состанокот ќе се одржи во 11 часот (така пишува во документот против мене, верувале или не, со дополнување дека тој Драган Богдановски потоа ќе се сретнел со „Скитник“ и со „Унион“). Агентот на УБК во службената белешка кажува дека потоа, во 16 часот, ќе се сретне со „Рашомон“, односно Драган Богдановски, идниот основач на сегашната владеачка партија. На база на сето тоа, Седмото одделение на УБК презело мерки и за фотографирање на настанот„, пишува во денешната колумна Павловски.
Тој исцрпно ги пренесува деталите од документот за кој има и фотографска поткрепа.
Павловски пишува дека при неговото испраќање за Австралија во 1988 година, Крсте Црвенковски се пожалил дека иако лично тој, заедно со службите за државна безбедност, основале политичко движење, тоа по неколку години им избегало од контрола.
На крајот од својата колумна Павловски се прашува: „Каква мака го натерала Аџиев да го стави овој во моето досие, со кое се разголува Драган Богдановски пред јавноста“. 

Извор и Фото Плусинфо

Leave a Reply

Your email address will not be published.