Ошо: Исполнетоста барајте ја во себе

Чувството на исполнетост мора да го барате во себе. Секој момент морате да го набљудувате својот живот, и да го отфрлите она што ви се чини дека е краткорочно, дека е само дел од нешто. Тоа може да биде многу возбудливо, но и да излезе непотребно. Отфрлете го тоа! Задлабочете се во оние моменти кои можеби не ви изгледаат возбудливи. Вечноста не може да биде особено возбудлива, бидејќи она што мора вечно да трае треба да биде тивко, смирено.
Само обрнете внимание на тоа колку прашањата што луѓето ги поставуваат се апсурдни: Како да сакам, како да играм, како да медитирам? Како да живеам? Апсурдни прашања … но тие покажуваат на празнина, на внатрешна празнина на човекот. Човекот сето тоа го одложува и полека почнува да заборава.
Секое дете знае како да сака, да игра и како да живее. Секое дете доаѓа на свет комплетно, потполно спремно. Се што треба е да почне да живее. Дали сте го приметиле тоа? Ако плачете и малото дете ве види, тоа ќе ви пријде. Тоа не може да каже многу работи, тоа не може да ве убеди да не плачете, но ќе ја стави нговата рака на вашата. Дали сте го почувствувале тој допир?
Никој никогаш нема така да ве допре како што дете може да ве допре – тоа знае како се прави. Луѓето покасно едноставно стануваат ладни, груби. Тие ве допираат, но од нивните раце ништо не излегува. Кога детете ќе ве допре – таа нежност, мекоста на неговата рака, самата порака – тоа го внесува целото свое битие во тој чин.
Секој се раѓа со сето она што му е потребно за живот. И што подолго живеете, толку сте поспособни за живот. Тоа е награда. Што пократко живеете, тоа сте помалку способни. Тоа е казна.
Чувството на исполнетост морате да го барате во себе. Секој момент морате да го набљудувате својот живот, и да го отфрлите она што ви се чини дека е краткорочно, дека е само дел од нешто. Тоа може да биде многу возбудливо, но и да излезе непотребно. Отфрлете го тоа! Задлабочете се во оние моменти кои можеби не ви изгледаат возбудливи. Вечноста не може да биде особено возбудлива, бидејќи она што мора вечно да трае треба да биде тивко, смирено. Блажено, секако, но не и возбудливо. Мора да носи целосно блаженство, но без бука. Повеќе како тишина отколку како звук.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.