Оро

Нашето оро е вртење во круг, некои дигаат и раце.
Се разделија заради поцврсто единство.
Нека ги возат бесплатно секој ден, ќе платат либералите.
Ништо не слушнавме, беше во продзирно.
Овој регион ќе биде стабилен ако биде дел од Обединета Европа. Дотогаш нека ужива.
Нашите културни судови пресудуваат во златни маски.
Нивните методи се познати, делуваат тајно.
Во партиската врска завршија романтично, запалени па стопени како свеќа.
Пред избори пријави се, после сами ќе те одјават.
Ние сме сериозни со Рада. Тие се насмеани како Раде.
Ја смени ќелијата, излегува надвор.
Таму несоодветно попишани, тука ниту тоа.
На ДУИ им е супер, не биле созреани условите за промена на државата.
Ја фалеше владата од дијафрагма.
Комшијата поча да не колне во коњот. Да ни р’ѓосал.
Во Европа не се влегувало на Црвен и Бронзен коњ.
Коце отсекогаш мислеше за здравјето на скопјани. Појадокот е најважен.
Со многу пријатели гледаме дека сме живи кога има роденден.
Фејсбук ти помага да се одврзеш.
Анкетите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ уживал.
Тие што ќе ми честитаат роденден до 10 ч. наутро ги сметам за наши.
Модерни се кратки имиња.Да ја викаме Република Цела?
Цената е паричен израз на вредноста на стоката. Човек со вредност без цена, го нарекуваат стока.
Предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ е преполовена. Уште малку ќе бидат исто.
Мора да се засукаме, до колена сме.
За живите секогаш најлошо.
Патот до сонцето преку Сител е ДРАМА.
Имаа одличен однос со јавноста, ја оставија на мала душа.
ДУИ не кажа чија воља ја одразуваше неконсензуалниот тендер.
Дел од проектот Скопје 2014 не е ниту културен, ниту политички. Никаков е.
Не да се фалам, ама изгледа ќе влезам во најтесниот избор за човек со најдобра слика од лична карта. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.