Орав му порача на Груевски: Интересите на граѓаните пред интересите на партиите

– Денеска со премиерот дискутиравме како да се надмине актуелната политичка криза и нашата клучна порака беше дека е важно да се стават интересите на граѓаните во земјата над интересите на политичките партии – рече Орав.

 

Евроамбасадорите ја поздравија, како што рече Орав, конструктивната дискусија вчера меѓу главните лидери на партиите со еврокомесарот Јоханес Хан.

– Овде сме сите амбасадори на земјите членки на Европската унија во Скопје имавме состанок со премиерот. За да се одбегнат недоразбирањата, овој состанок беше планиран одамна и не следи по вчерашните разговори. Вакви средби што поскоро ќе имаме и со другите лидери на политички партии Заев, Ахмети и Тачи – рече Орав.

 

Извор: ПлусИнфо

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.