Општина Неготино беше домаќин на вториот по ред регионален саем на работодавачи и невработени лица

Работодавачи од преку 50 фирми од Вардарскиот регион можеа директно да поразговараат со заинтересираните невработени лица за мерките за вработување кои ги нуди Агенцијата за вработување. Присутни беа и претставници на компании од Кавадарци.

Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов посочи дека иако општината нема директни ингеренции при вработување во соработка со Центарот за вработување во Неготино превзема мерки за намалување на невработеноста. Апостолов ја искористи и приликата да се произнесе дека бројот на невработени во општина Неготино е намален.

Leave a Reply

Your email address will not be published.