Општина Кавадарци до гуша задолжена кон бизнис секторот

Од остварените 700 000 евра за првиот квартал, 170 000 евра се потрошени за вработување и ангажирање на лица, од кои околу 120 000 евра се исплатени само за редовно вработените, додека пак останатите 50 000 евра се за ангажираните лица.

Општина Кавадарци од буџетот издвојува средства и за привремени вработувања во основните училишта, средните училишта, музејот. Само за детската градинка се предвидени 25 000 евра за привремени вработувања, кои патем не им се искористени.

Исто така и за домот на културата има предвидено 8 000 евра за привремени вработувања. И таму ниту денар од средствата не им се искористени.

Само за телефон и гориво се потрошени 58 000 евра.

Делот за разни трансфери изнесува 52 500 евра (3,2 милиони денари). Во овие разни трансфери влегуваат трансфери до невладини организации, репрезентации. 

Јавноста има право да биде информирана каде всушност заминале тие пари? Кои се тие невладини организации и какви се тоа презентации?

Капиталните расходи, онаму каде што претежно влегуваат градежните работи и тоа што треба да прави (гради) општината, се потрошени 18 000 000 денари или 290 000 евра. Овие средства не се исплатени кон бизнис секторот. Значи на вересија.

 

ЗАДОЛЖУВАЊЕ

Акцент треба да се стави на износот на задолжувањето февруари спрема март на обврски до 30 дена, период кога беа локалните избори, и каде обврските се зголемени на износ од 4 милиони денари (65 000 евра).

Инаку вкупните обврски се околу 54,3 милиони денари или 882 000 евра. Најмногу се должи за градежни работи и тоа 33 милиони денари и за поправки и текковно одржување околу 6.3 милиони денари (најверојатно поврзани со градежните работи).

Исплатата на плати, надоместоци за телефон, гориво, дневници, редовно се подмирува додека долгот спрема изведувачите за градежни работи се таложи?

 

Овие податоци се врз основа на кварталниот извештај за буџетот на општина Кавадарци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.