Голем дел од општина Кавадарци трет ден без вода

Поради голем дефект на водоводна цевка, оние кои живеат во повисоката зона на градот, а ги има многу, вчера, денес а најверојатно и утре ќе останат без вода за пиење.

– Правиме напори дефектот да го отстраниме најбрзо што можеме и ние се надеваме дека до утре до околу 17 часот дефектот ќе биде отстранет – е изјавата на Марјан Прескакулев, раководител на работната единица Водовод и канализација при Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци.

Но дали надлежните навистина прават напори за санирање на проблемот или пак работат на жими мајка?

Ситуацијата на теренот а и фотографиите и видео материјалот го кажуваат спротивното. Имено, екипите од јавното претпријатие Комуналец од Кавадарци веќе два дена се на терен, но никако да ја најдат пукната цевка. Прекопано е скоро се во близина, но копањето не вроди со плод во изминатите 2 дена. Се оди дотаму што се контактираат жителите од околните куќи, случајно некој да не знае отприлика каде би се наоѓала  пукнатата цевка.

За да биде ситуацијата по драматична, барајќи ја едната, при работата со механизацијата е пукната уште една цевка. 

Жителите од околината се крајно изреволтирани за настанатата ситуација. Приморани се самите да се снаоѓаат со вода за основните хигиенски потреби, а камоли за останатото. Се носат пластични шишиња кој од каде најде. Слика карактеристична за деветнаесетиот век.

  

Покрај жителите на општина Кавадарци, и жителите на селата Шивец и Возарци се без вода за пиење. Исто така и компанијата  Фени Индустри. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.