Општина Кавадарци со помош од 24.200 литри вода за пиење за Бољевац и Горни Милановац

Советот на општина Кавадарци денеска (20.мај) оддржа вонредна седница. Точка на дневен ред имаше само една и се однесуваше на усвојување на одлуката за издвојување на финансиски средства од буџетот на општина Кавадарци за 2014 година како помош за санирање на последиците од поплавите во Бољевац и Горни Милановац – Република Србија.

На оваа вонредната седница присуствува 16 советници. Сите советници едногласно го одобрија овој потег со кој се издвојуваа финансски средства во износ од 178.000 денари како помош до горенаведените општини.

Leave a Reply

Your email address will not be published.