Општина Кавадарци со нов кредит од 320.000 евра?

Локацијата на изградба на новата детска градинка треба да биде лоцирана на “Северен Булевар”. Големината на зафатнина т.е. квадратурата на новата детска градинка според програмата за Локален економски Развој треба да зафаќа површина од околу 1 100 метри квадратни. Капацитетот на оваа градинка е предвиден да биде за 120 деца.

Причината поради која е предвиден да се гради овој капитален објект е недостигот на капацитет на веќе постоечките градинки во општина Кавадарци. Средствата за изградба на новата детска градинка се во изност од 20.000.000 денари, или околу 322.000 евра. Финансирањето на изградбата е предвидено преку земање на кредит од Светска Банка во форма на поволен кредит со шестмесечен еурибор за евро валута и грејс период од 1 до 3 години, со 8 години рок за исплата на кредитот.

Покрај одлуката која што ја донесе советот на општина Кавадарци за задолжување од 45.000.000 денари за реконструкција на основните и средните школи, сега веќе гледаме дека локалната самоуправа продолжува со лошиот тренд на задолжувања. Дали општина Кавадарци има толкав кредитен рејтинг ќе видиме во иднина. Дали општина Кавадарци ќе може финансиски да го издржи ова задолжување? На кој начин и од каде финансиски средства за плаќање кога ќе пристигне првата рата за исплаќање на кредитот? Дали ќе има потреба од воведување на нови ставки во форма на даноци и такси кои дополнително ќе ги испразнат и онака веќе празните џебови на граѓаните на општина Кавадарци? Тоа засега останува енигма.За 2014 година, буџетот на општина Кавадарци ќе изнесува фантастични 660 000 000 денари или 11 милиони евра. Што е со тие пари?

Редакцијата на Мојот Град и понатаму продолжува со анализа и детален “претрес” на општинскиот буџет како и објавување на програмата која беше изгласана на седница на Советот на Општина Кавадарци. Програма која што локалната самоуправа ја има предвидено за 2014 година. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.