Раскопани улици и тротоари во општина Кавадарци – прв дел

 

Со годишен буџет од преку 11 милиони евра, една општина како Кавадарци не би требало да си дозволи да дојде до едно вакво дереџе.Веќе 20 години си те градоначалници кои продефилираа низ оваа општина, своите политички поени ги билдаа претежно на асфалтирање на улички и регулација на водоводната мрержа. Во некоја понормална земја ако се обидувате ова да им го ветите на граѓаните, ќе ве сметаат за ненормален.

 

Општина Кавадарци има преку 20-тина збратимени општини надвор од Република Македонија. Зарем ништо не се научи досега од нашите пријатели? Или нашата дружба е повеќе базирана за шетање и ждерење по тамошните а и тукашните градски кафани.Прашуваат граѓаните и жителите на општина Кавадарци: Зошто се раскопани голем број од улиците во градот!?

 

Кај некои од улиците беа вршени градежни работи во делот на промена на некои од канализационите и водоводните цевки.Меѓутоа, тоа не треба да претставува апсолутно никаков изговор.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.