Скандал: Општина Кавадарци ќе се задолжува за 740.000 евра?

Имено, на последната седница на советот на општина Кавадарци која беше одржана на ден 30 октомври 2013, буквално во “пет до дванаесет” на дневен ред на советниците им беше подметнат материјал кој е ставен на точка на дневен ред а се однесува на експресно донесување и изгласување на одлука за домашно задолжување на општина Кавадарци и тоа ни помалку ни повеќе туку точно 45 500 000 денари или 740 000 евра. Според законот, материјалите за седница на советот треба да бидат доставени најмалку седум дена пред закажаниот термин за седница како советниците би имале време да се спремаат за точките надневнио ред.

Парите се обезбедени од заем од Меѓунардната банка за обнова и развој – Светска банка.

Во членот 1 од одлуката се вели дека сите овие пари ќе бидат искористени за реконструкција на две основни и две средни училишта во општина Кавадарци.Реконструкција, не изградба.

Внимавајте сега.Активностите кои треба да ги опфати овој проект се реконструкција на два училишни кровови, замена на пвц столарија во основното училиште “Страшо Пинџур” во с.Марена на кое има вградено ни повеќе ни помалку вкупно десетина прозорци и врати, како и замена на топловодни котли во основното училиште Тоде Хаџи-Тефов.И уште неколку ситни зафати.

Оваа оптичка замка од страна на градоначалникот Панов како и на локалните власти нема да им пројде.Барем така реагираат граѓаните. Од чиста причина што активностите кои ги наведиле за трошење на овие средства, некако не кореспондираат со сумата која општината ќе ја задолжуваат.

Зарем толку многу ја потценија интелегенцијата на своите сограѓани? 

Друга работа. Зошто општина Кавадарци има потреба од задолжување, кога спаѓа во редот на општини во РМ со најголеми годишни буџети? Зарем 12 милиони евра годишен буџет, колку што има општина Кавадарци, не е доволен за заштеда на средства и реализација на овој проект без да се задолжиме самите себеси, своите деца и генерациите кои ни доаѓаат?

Пет години колку што е градоначалникот Панов во својата градоначалничка фотеља не успеа да заштеди ниту еден едеинствен денар. Пет години помножено со 12 милиони евра буџет, изнесува вкупно 60 милиони евра. Каде се сите тие пари? Дали на несовесен начин се менаџирало со буџетот? На кои капитални инвестиции се потрошени? Како може да си дозволи една профитабилна општина како Кавадарци во која фирмите кои се наоѓаат во неа го сочинуваат 20% од вкупниот извоз на Република Македонија да биде задолжена кон бизнис заедницата? Со кое лице надлежните ќе излезат пред јавноста да сооопштат дека Кавадарци и граѓаните се задолжуваат со нови 740 000 евра, а лозарите немаат добиено денар за предаденото грозје? Инспекции фрчат од сите страни, извршителите во улога на државни џелати, блокирани сметки, затворени фирми, рекетирање на бизнис заедницата…Иста слика пред секои избори последните неколку години.

Овде приказната е повеќе од очигледна. Од овие 740 000 евра, дел од нив ќе се потрошат на активностите кои ги предвиделе властите само за да ги замачкаат очите на јавноста.Добар дел од парите ќе се потрошат на раздолжување кон кавадаречкиот бизнис сектор и тоа на недела дена пред изборите во март.А најголемиот дел од парите ќе бидат потрошени за купување на уште едни, нови, којзнае кои по ред избори. Нека е на здравје.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.