Дали ОО СДСМ Кавадарци потфрли со листата за советници?

ОО СДСМ ја објави официјалната листа на кандидати за советници за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 15-ти октомври

Кавадаречката јавност со нетрпение ги очекува листите за советници од сите табори кои ќе земат учество на локалните избори. Од ОО СДСМ го скршија мразот и официјално ги објавија имињата кои ќе претендираат за советничко столче. Многу нови лица, за разлика од претходните избори од 2013 година.

На официјалниот сајт на ОО СДСМ недостигаа повеќе информации за кандидатите, какво е нивното CV, минат труд, искуство, образование, експертиза во одредена област. Посебно кандидатите кои се исфрлени на горните позиции.

Од минатиот состав, не се најде место за ниеден од советниците иако последните четири години ОО СДСМ имаше неколку вистински борци кои ги застапуваа ставовите на многумина кавадарчани на советничката говорница.

 

Советничка листа СДСМ:

1. д-р Виолета Димитрова (доктор специјалист по физикална медицина)

2. Митко Камчев (приватен стопанственик)

3. Јосиф Стојанов (приватен стопанственик)

4. Лазар Туриманџов (невработен)

5. Василка Дрварова (дипл. толкувач по англиски и француски јазик)

6. Ташо Радњански (професор по македонски јазик)

7. Мирјана Гркова (сметководител во Основен Суд Кавадарци)

8. Развигор Кабранов (раководител во ЈП Комуналец)

9. Петар Николов (дипл. професор по физичка култура)

10. Маре Анастасова (банкарски службеник)

11. Горан Тодоров (вработен во Горска)

12. м-р Цветанка Камчева (магистер по јавна администрација)

13. Анѓелчо Петков (дипл. професор по одделенска настава)

14. Александар Митрев (дипл. социјален работник)

15. Александра Хаџиќ (студент на Економски факултет)

16. Вуко Мелов (дипломиран економист)

17. Вера Кујумџиева (работник во конфекција)

18. Анета Ристова (невработена)

19. м-р Кирил Тасев (магистер по енергетика)