ОН усвои резолуција за блокирање на финансирањето на Исламската држава

Овие радикални групи, кои се активни во Сирија и Ирак, заработуваат милиони долари од шверц со нафта, шверц со антички експонати и откупи за киднапирани луѓе.
Текстот на резолуцијата беше поднесен од Русија, која е сојузник на режимот во Дамаск.
Резолуцијата беше поддржана од 37 држави, вклучувајќи ги и главните играчи во сирискиот конфликт, меѓу кои се Сирија, САД, Велика Британија, Франција, Ирак, Иран и Јордан.
Во резолуцијата се инсистира националните влади да ги замрзнат сметките на овие групи, кои се борат против сирискиот режим, да нес е тргува со нив ниту директно ниту индиректно и да се контролира камионскиот сообраќај, особено преку турската граница.
Резолуцијата предвидува и забрана за Сирија, слична на онаа за Ирак, за тргување со украдените културни експонати.
Резолуцијата е правно обврзувачка и на Советот за безбедност му одобрува да применува решенија со економски санкции, но не и со воена сила, забележуваат британските медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published.