Омаж за мачките и кученцата – миленичиња по нашите софи и троседи

Значи, Мирка Велиновска, денес медиска тупаницата на диктатурата – беше нешто како пудлица/маче милениче на владите на СДСМ во јаки два мандата. Таа прво кај мене почна да ја пече професијата „милениче на кауч“ со интервју како министер без портфељ и од тогаш многу често беше во мојот кабинет како драга гостинка „консултантка“. Не велам дека било кога сум одлучил да „дадам наредба“ за било каква медиска операција со неа на чело за „насочено информирање“, бидејќи тоа едноставно не го правам никагаш, ниту беше потребно, ( секогаш кога имам нешто да кажам го пишувам лично и персонално на ачик ). Тогаш, башка и се скоро одеше јавно и во јавна жестока дебата. Но поважно од тоа е енергијата на Мирка која не дочекуваше да се дефинира став за некоја работа по нашите троседи-двоседи-фотељски расправи за се и сешто. Таа сама создаваше агенди за пресметка со ветерници и одеше со кампањи. Тоа беше симпатично тогаш, и беше фер-однос во кој никој никому не должи посебно ништо. Нормално дека закани за апсење немаше потреба да се изрекуваат бидејќи на куче-милениче кое ви се пренемага по троседи не му се заканувате со затвор ( не дај боже ) туку со свиткана новина ќе го плеснете за да не прави беља кај што не треба (тоа мрчи, цивка, но ќе се свитка и ќе преболи, а и ќе научи. Ова секако во метафорична смисла).

Она што ваква невротична персона чија невроза е донекаде разбирлива од силните политички трансфери кои налегнале па натежнале, и која денес плеска се и сешто, никогаш не научи ( нити со свиткана новина нити поинаку ) – беше плурализмот во јавната сфера. Плурализмот во медиумите нужно следеше по партскиот плурализам и тој почна со уривање или самоуривање на мастадоните на кумуњарското новинарство и моќ (кои беа се прешалтувале и споиле и со новите демократски власти). Тоа нашата скоевка не успеа никогаш да го свари.

Целиот текст од колумната може да го прочитате овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published.