OM: “Членови на ДПМНЕ, не се плашете, новата власт ќе биде демократска и избрана од народот”

Обединети за Македонија бараат итна смена на власта со преодна власт, која ќе организира демократски избори.

“Почитувани, Обединети за Македонија, го повторува познатото обраќање кон актуелната власт „Бандо криминална“. Што треба да се случи за да заминете во историјата преку казнено поправите установи. Направените фалсификати и криминали излегуваат на виделина.

Вашата нелегитимност е од 06,06, 2011 година, денот од кога нашиот претседател е политички затвореник. Обединети за Македонија, бараат итно формирање преодна власт, за да можат да се организираат демократски избори. Ги повикуваме членовите на ВМРО ДПМНЕ да не се плашат, новата власт ќе биде демократска и избрана од народот.

Слобода или Смрт…… да ја избереме слободата.

Со почит, Обединети за Македонија.”

Leave a Reply

Your email address will not be published.