Околу 50 отсто од невработените се сиромашни

Стапката на сиромашни лица во текот на 2011 година изнесува 27,1 отсто, што е намалување од 0,2 проценти поени во споредба со 2010 година кога таа беше 27,3 отсто. Тоа го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, според „Лаекен“ индикаторите за сиромаштија во 2011 година. Така, бројот на лица кои живеат под линијата на сиромаштија во земјава изнесува 545.200 лица.

Стапката на сиромаштија, според возраста, покажува дека во најлоша позиција се лицата до 17 години каде што стапката е 35,6 отсто, додека во групата од 18 до 64 години таа е на нивото од 25,9 отсто. Процентот на сиромаштија кај лицата постари од 65 години изнесува 21 отсто.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромашни домаќинствата сочинети од двајца возрасни, со две издржувани деца, изнесува 23,8 отсто. Според најфреквентниот статус на економска активност, сиромашни, а невработени лица има 48,7 проценти, додека стапката на сиромаштијата кај вработените изнесува 10 отсто.

Државниот завод за статистика во согласност со препораките на Европската унија ги пресметува „Лаекен“ индикаторите за сиромаштија. Извор на пресметките се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.