(ФОТО) Синоќа е ограбена кафаната “Калимеро” во Кавадарци

 

Непознатите сторители најпрвин го скршиле едниот од прозорците кој водел директно во кујната од локалот. Меѓутоа, отворот бил премногу тесен за да се протнат и затоа го скршиле и големиот прозор од кој директно се влегува во кафаната. 

ograben kalimero9 ograben kalimero8

Сопственикот на “Калимеро”, Душко Стефанов, револтиран од настанатата ситуација го прокоментира своето незадоволство и се надева дека сторителите ќе бидат фатени и изнесени пред лицето на правдата.

ograben kalimero3

“Имав гости муштерии синоќа (четврток) некаде до 24 часот. Како и секојa вечер, потсуредив, исчистив, заклучив и заминав дома. Утрово околу 9 часот кога пристигнав бев запрепастен од глетката. Двата големи надворешни прозори беа искршени. Кога влегов внатре прво што уочив беше дека го нема телевизорот. ЛЦД беше телевизорот кој го купив летово по повод мундијалот во Бразил. Се стаписав и почнав да пребарувам што друго недостига. Освен телевизорот украдена е и новата фискална каса. Навистина не знам што ќе му е фискална каса на некој кога не може да се продаде и користи на друго место.” – се пожали Душко.

ograben kalimero7 ograben kalimero6

Душко настанот го пријавил во полиција и службите извршиле увид на лице место.

“Поразгледав уште малку и приметив дека освен телевизорот и фискалната друго се си беше на место. Веднаш отидов во полиција да го пријавам случајот. Дојдоа надлежните, фотографираа, земаа отисоци и направија записник. Верувам во нивната професионалност и стручност и очекувам во најбрз можен рок да се најдат сторителите а и украдените предмети. И телевизорот и фискалната каса ме чинеа точно 500 евра пари. Пари, кои тешко се заработуваат.” – вели Душко.

ograben kalimero3 ograben kalimero

Leave a Reply

Your email address will not be published.