Од СДСМ – кооперативност, од ВМРО-ДПМНЕ – оставки

СДСМ треба да ги услови барањата за кооперативност.Колку и да изгледа чудно и неубедливо, оваа влада предводена од Груевски не може така лесно да се обвинува дека е противник на евроатлантските интеграции.Тоа што евроатлантските интеграции на државата се сведуваат и упростуваат само преку, чадорот, спор за име, оди во прилог на погоре кажаното.Тука, на тој терен, предводени од Груевски, играат внимателно.Тоа што ги користат, а не ги “фермаат” многу нивните подржувачи покажува друго.Добиваат подршка од интелектуалци и граѓани кои се самите противници на таа политичка определба.Од таквата “база” Груевски не сака да се откаже.Се разбира дека и ги наградува, а тој број не е мал.Таквата збунувачка “комбинација” на водство- -подржувачи е чудна и за странските влијателни фактори, наши докажани пријатели, пред се Американците.
Тие пак тргнувајкји од “помалото зло” прво, се задоволни што таа “маса” на подржувачи е “прибрана” во ДПМНЕ во поголем дел како партија на власт (што е случај и кај другите) и што Груевски не се обидел јавно да ги послуша домашните и странски “советници” и подржувачи да се откажат од Времената спогодба и прекин на преговорите.
Тој им “пркоси” на таквите подржувачи и со последното барање за средба со Самарас и медијаторот Нимиц.Колку и да е тоа провидно, дволично итн. во очите на опозицијата, тоа е факт за кој Груевски многу и не сака да се возбудува, зошто знае дека за кооперативноста нема да му најдат забелешки тие што го следат процесот поодблизу.
Радува фактот што опозицијата, сега предводена од Заев (последното негово обраќање) не се откажува и од другите придобивки кои треба да ги носи евроатлантскиот процес.Барањата за владеење на правото, почитувањата на човековите права и слободи (вклучително и за изборниот процес), како и барањата дека храброста на политичките елити треба да се бара и да започнува најпрво кај оние кои добиле легитимитет да носат одлуки, а тоа се партиите на власт, го носат Груевски на терен каде е “ранлив”.
Откажувањето од тие барања на опозицијата и правењето компромис со тоа, може да биде погубно за неа.
Одговорноста за состојбите, па и за решението на ирационалниот спор, од кој гледаме дека Груевски не сака јавно да се откаже е сепак на страната на власта.
Колку и да изгледа “тврд” во овој спор, тој сака да најде решение, но и сака да ја подели одговорноста.
Да не бидеме наивни.Партискиот интерес и интерес на опозицијата на крајот на краиштата е да покаже дека цената на “решението” мора да резултира со заминување на Груевски од функцијата претседател на влада.
Тоа е цената и барањето која СДСМ треба да ја испорача за кооператвиноста која се бара од неа.
Без тоа, позицијата на Груевски ќе биде “забетонирана” уште долго.Тоа не би требало да се дозволи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.